Жителите на Ваташа се собраа во чест на 12-те убиени ваташки младинци (Видео)

На 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин во времето на Втората светска војна во Македонија. 

Денеска се навршуваат 78 години од убиството на 12-те ваташки младинци од бугарскиот фашистички окупатор.

Во чест на младинците од Ваташа вечерва се одржа чествување во центарот на селото.

„Се уште врие крвта врела за 12-те ваташки чеда“, стои во објавата на Фејсбук.

На 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин во времето на Втората светска војна во Македонија. 12 младинци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години, биле стрелани од страна на бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“.