Connect with us

Спорт

Македонија играше храбро, блесна во второто полувреме, многу шанси,но Украина ја однесе победата (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со 2-1 загуби од Украина, но момците на Ангеловски одиграа одлично второ полувреме во кое го презентиравме нашиот квалитет, но негативата од 2-0 од првиот дел не успеавме да ја анулираме. 

Македонија го забележа вториот пораз на Европското првенство, одличното второ полувреме не можеше да го покрие лошото издание во првиот дел, загубивме од Украина и ги загубивме шансите за пласман во следната фаза. Натпреварот го почнавме во истата формација како и на дуелот со Австрија, но селекторот Ангеловски сакаше да го зацврсти средниот ред па Трајковски не го почна мечот, во игра од првата минута беше Спировски. 

Првите минути беа изедначени, но како одминуваше времето Украинците се повеќе доминираа, се играше пред нашиот гол, а во 29. минута една топка дојде до Јармоленко кој постигна гол за водство на Украина од 1-0. Пет минути подоцна нов гол за Украина, овој пат Јармоленко додаде до Јаремчук кој постигна погодок за водство на противникот од 2-0. По вториот примен гол, селекторот Ангеловски ја промени формацијата, почнавме да играме со двајца стопери, Стефан Ристовски отиде на својата десна бековска позиција. 

Тоа донесе поголема офанзива за Македонија, а во 39. минута Пандев постигна и гол, кој за жал беше поништен поради офсајд. Во вториот дел тргнавме офанзивно, добивма една сосема друга Македонија. Почнавме со шанса на Адеми, која голманот Бушчан ја одбрани. Потоа Украина имаше можност од слободен удар, Малиновски биеше прекрасно, но Столе Димитриевски следеше и иго одбрани неговот удар. 

Во 55. минута Трајковски биеше фантастчно од далечина, Бушчан одбрани, а топката потоа ја погоди пречката, дојде до Пандев кој беше фаулиран, судијата покажа пенал за Македонија. 

Алиоски го изведе пеналот, голманот на Украина го одбрани неговиот удар, но топката се одби до нашиот фудбалер кој овој пат погоди и намали на 2-1. Македонија се врати во игра. 

Продолживме во исто темпо, се редеа нападите пред голот на Украина, Трајковски имаше уште еден удар од далечина, голманот Бушчан со крајни напори ја исфрли во корнер. Во 83. минута Украина доби пенал откако топката во живиот ѕид при шут на Малиновски во рака го удри Аврамовски. ВАР реагираше, судијата покажа на белата точка.

Но Димитриевски го одбрани пеналот на Малиновски и ја остави нашата репрезентација во игра. До крајот на мечот Македонија со сите сили напаѓаше но не успеа да постигне гол за израмнување и бод од овој натпревар, Украина победи со 2-1. 

На овој натпревар Македонија покажа дека заслужува да биде дел од ова Европско првенство иако загубивме уште еднаш, настапот ќе го завршиме во групната фаза.

Спорт

Селта со огромна сензација: Реал Мадрид поразен на „Бернабеу“, Сведберг блескаше со два гола

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз на свој терен, откако Селта Виго приреди вистинска сензација и го совлада гигантот на „Сантијаго Бернабеу“. Херој на мечот беше 21-годишниот шведски напаѓач Вилиот Сведберг, кој со два погодоци го реши дуелот и ја прослави веројатно најзначајната вечер во својата кариера.

Младиот талент одигра блескава партија и целосно ја изненади одбраната на Реал. Неговите два гола не само што му донесоа победа на Селта, туку и создадоа приказна која навивачите долго ќе ја паметат. Селта со оваа победа направи вистинска сензација, нанесувајќи му на Реал еден од најболезнените порази оваа сезона.

Реал Мадрид влезе како апсолутен фаворит, но гостите од Виго покажаа дисциплина, брзина и одлична ефикасност. Дури и доминацијата во посед и шансите не му помогнаа на Реал да избегне пораз, а Сведберг повторно потврди дека е еден од најперспективните напаѓачи во европскиот фудбал.

Со оваа победа, Селта испиша историја на „Бернабеу“, а мечот веќе се смета за едно од најголемите изненадувања во тековната сезона на Ла Лига.

Continue Reading

Спорт

Ландо Норис со историска круна во драматичен финиш на сезоната

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, и официјално е новиот светски шампион во Формула 1. Во една од највозбудливите и најнеизвесни сезони во последната деценија, Британецот со минимална предност од само два бода над актуелниот шампион Макс Верстапен ја освои својата прва титула во кариерата.

Во последната трка од сезоната, возена во Абу Даби, Верстапен стигна до победата, но третото место на Норис му беше доволно за да го задржи врвот во генералниот пласман. На подиумот се искачи и Оскар Пјастри, тимскиот колега на Норис во Мекларен, кој заврши втор на трката, а сезоната ја комплетираше како трет во генералниот поредок.

Мекларен одамна ја имаше осигурено титулата кај конструкторите, оставајќи ги зад себе Мерцедес и Ред Бул во една доминантна година за тимот од Вокинг.

Continue Reading

Спорт

Битола во зелено-бела еуфорија: Салата „Боро Чурлевски“ распродадена за дербито со Вардар

Битола повторно потврди дека ракометот е дел од срцето на градот. За дербито меѓу РК Пелистер и РК Вардар, сите билети се распродадени, а салата „Боро Чурлевски“ ќе прелива од навивачи.

Во среда, зелено-белите поддржувачи ќе го претворат спортскиот дом во вистински вулкан на емоции, носејќи го градот низ магијата на ракометот. Традицијата, страста и победничкиот дух на Битола повторно ќе се чувствуваат во секој агол на арената.

Само Битола, само Пелистер, само зелено-белиот дух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг