Столе Димитриевски е новиот министер за одбрана!

Македонскиот голман Столе Димитриевски успеа да го обрани пеналот кој го предизвика Даниел Аврамовски кои играше со рака по еден слободен удар на Украинците од десната страна.

Голманот Димитриевски по шутот на Малиновски одлично интервенираше и не дозволи тој да ја стресе повторно мрежата на нашиот гол.

„Имавме два натпревара. Првата беше доста добра, додека на вториот меч првиот дел беше послаб од вториот. Сепак, ја покажавме најдобрата игра на ЕП во вторите 45 минути. Искрено, не сум задоволен од себе, затоа што не ѝ помогнав на екипата да дојдеме барем до бод. Сепак, одиме до крај сите заедно. Кога говориме за пеналот, разговараме со сите тренери. Да се одбрани пенал не е лесно, ги имаме сите играчи простудирано. Ова не е само мој одбранет пенал, туку на сите нас. Сега следи Холандија, каде одиме да се покажеме во најдобро светло, па да освоиме барем бод“, изјави Димитриевски.

Видео: