Connect with us

Инфо +

Заев повторно ќе го менува Уставот, ќе го вметнуваме бугарскиот народ

Од Илинденска број 2 – владината делегација во Софија заминала со конретен предлог за надминување на спорот со Бугарија – објави бугарскиот премиер Стефан Јанев – но прецизни детали се уште нема. 

Од своја страна, неговиот македонски колега Зоран Заев вети отворање на македонскиот Устав, пред членството во ЕУ, и вметнување на  бугарскиот народ во него. Заев дециден – ако сакаме да бидеме земја членка на европското семејство треба да имаме европски Устав. 

Иако изминативе денови во земјава оптимизот попушти – упорноста не, според Заев проблемот со Бугарија е билатерален и така треба да се реши. Предлогот кој денеска Заев го ставил на маса пред техничкиот премиер на Бугарија деновиве ќе се разгледува.  Според македонскиот премиер решението мора да води грижа за двете страни, бидејќи само така ќе има успешна реализација.  

По нивната средба, двајцата согласни – дека се отвара прозорец на можности за решавање на отворените прашања меѓу двете земји, со што ќе се отвори патот за европската перспектива на Северна Македонија.  

„Со години наназад, политиката на Бугарија е ориентирана кон цврста поддршка на европерспективата на С Македонија, Албанија и на другите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ. Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог, што ќе го разгледаме сеопфатно и професионално во наредните денови. Констатиравме дека во моментов имаме прозорец на можности да работиме по нерешените прашања за исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, што ќе им помогне на нашите експерти и политичари да дојдат до решение. Во рамки на овој дијалог, треба прво да ги решиме меѓусебните проблеми, за да не остават проблеми во европското семејство.“ – изјави – Изјава Стефан Јанев – технички премеир на Бугарија – околу 3 минута. 

Прва средба на бугарско тло премиерот Заев оствари со неговиот поранешен колега, Бојко Борисов, од каде доби предупредување дека денешните средби нема да вродат со плод. Според Борисов, бугарскиот претседател и техничката влада лажат и бегаат од одговорност за нов договор.  

Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи – во Софија остварија и средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Посетата се случува на една недела пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни. Вчера бугарското МНР соопшти дека условите за одржување на меѓувладина конференција не се исполнети.

Прилог на Телевизија 24

Балкан

Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.

За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Continue Reading

Балкан

Патување кон Грција: Дојран единствениот сигурен премин

Многумина го користат продолжениот викенд за патување во Грција, но се соочуваат со проблеми на граничните премини. Најголемиот премин кај Гевгелија е затворен поради штрајк на грчките земјоделци и неговото отворање е непредвидливо – понекогаш отворен кога патниците тргнуваат, а затворен кога стигнат.

Засега, единствениот премин кон Грција кој постојано е отворен е Дојран. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, а преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот.

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на преминот Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути. Возачите се советуваат да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред за да избегнат непотребни застои.

Continue Reading

Свет

Трамп најави шокантен потег: Може целосно да се повлече од преговорите за Украина!

Американскиот претседател Доналд Трамп може да се повлече од мировните преговори за Украина поради обвинувања за корупција против блиски сојузници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави неговиот син, Доналд Трамп помладиот.

На форум во Доха, Трамп помладиот рече дека Украина е „многу покорумпирана од Русија“ и го нарече Зеленски „еден од најголемите маркетери на сите времиња“. На прашањето дали неговиот татко ќе се повлече, тој одговори: „Мислам дека можеби ќе се повлече“.

Ова следува по тридневен состанок во Мајами меѓу претставници на Киев и Вашингтон, кој официјално беше оценет како продуктивен, но без конкретни решенија за клучните прашања околу безбедносните гаранции и територијалните спорови.

Сега светот внимателно ги следи следните потези на Трамп, кои може драстично да ја променат динамиката на мировните преговори.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг