Connect with us

Спорт

(Фото) ММА бopците упaднaa во бугарското министерство за спорт

Published

on

ММА борците, заедно со претседателот на бугарската ММА федерација, Станислав Недков, упаднаа во зградата на Министерството за спорт на Бугарија, протестирајќи против последните обвинувања на Министерството за сомнителна распределба на средства за федерацијата, пренесува DarikNews.bg

Информациите за нелегалното примање на средства оваа недела ги обелодени портпаролот на бугарската влада Антон Кутев. Според него, ММА федерацијата добила нешто повеќе од 510.000 евра под владата на Бојко Борисов.

Федерацијата прими околу една четвртина од оваа сума во рамките на програмата за спречување на разни видови зависност кај младите. Дел од парите биле примени како невладина организација, а дел за финансирање на спортскиот клуб, се дознава од информациите што беа откриени. Наводно, поранешниот министер за спорт, Красен Кралев, исто така учествувал во нелегална распределба на финансии.

Демонстрантите упаднаа во зградата и побараа средба со министерот за спорт Андреј Кузманов. Неговите соработници повикале полиција бидејќи никој не договорил состанок

Спорт

Разорен Алкалоид во Италија – четвртфиналето на ЕХФ Купот е на дофат!

Published

on

Македонскиот ракометен гигант Алкалоид одигра брилијантен натпревар во Италија, совладувајќи го Бриксен со убедливи 32-44 и со едната нога е во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

Тимот на Кирил Лазаров доминираше од првата до последната минута, покажувајќи супериорност на гостински терен. Веќе во првиот дел, благодарение на осумте одбрани на Кизиќ и двата одбранети пенали на Галевски, Алкалоид обезбеди позитива од пет гола (18-23).

Во вториот дел, македонскиот претставник го зголеми темпото – за секој примен гол, одговараше со два или три, што доведе до двоцифрена предност (31-41) и сигурна победа.

Марко Митев и Игор Ѓорѓиев беа најпрецизни со по 7 гола, додека Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по 6. Кај Бриксен, Де Оливеира Кандидо даде 8, а Арчиери 7 гола.

Реваншот кој ќе го одлучи патникот во четвртфиналето ќе се игра во Скопје, во салата „Автокоманда“, на 22 февруари.

Continue Reading

Спорт

Елмас со спектакуларен гол на деби за Торино!

Published

on

Ељиф Елмас имаше совршен деби настап за Торино, постигнувајќи атрактивен гол во натпреварот против Болоња. Македонскиот репрезентативец, кој пристигна на позајмица од РБ Лајпциг, влезе во игра во второто полувреме и веднаш донесе свежина во играта на „Торо“.

Во 65. минута, Елмас маестрално се снајде во казнениот простор – со прецизно движење ја протна топката низ нозете на противничкиот дефанзивец, а потоа со умешен лоб го совлада голманот.

Неговиот настап веднаш ги освои навивачите, кои ја пофалија неговата техничка вештина и влијанието врз играта на тимот.

Деби погодокот на Елмас во Торино

Continue Reading

Спорт

Ганиу: Инфраструктурна модернизација во Чаир – започнува реконструкција на улици и изградба на паркинг во Топанско Поле

Published

on

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, одржа средба со жителите на Топанско Поле, каде што ги претстави проектите за подобрување на локалната инфраструктура, кои ќе се реализираат во текот на оваа година.

„Со обезбедена техничка документација и градежни дозволи, наскоро започнуваме со реконструкција на главните улици и тротоари, што значително ќе го подобри квалитетот на живот во овој дел од Чаир,“ истакна Ганиу.

Проектите што ќе се реализираат вклучуваат реконструкција на шест улици со вкупна должина од над 1.800 метри, како и изградба на голем паркинг со површина од 2.150 м². Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 39.675.860 денари (645.136 евра) и е дел од владината програма „250 милиони евра за општините“.

„Модернизацијата на инфраструктурата останува наш главен приоритет. Продолжуваме со проекти кои го унапредуваат Чаир и носат конкретни придобивки за граѓаните,“ порача градоначалникот Ганиу.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк