Connect with us

Инфо +

Жител на Дебар тешко ранет со огнено оружје

Published

on

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош во Општата болница, е транспортиран на лекување во Охрид.

Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег.

Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ“, во близина на Саат кула џамијата, а едно лице, осомничено за „убиство во обид“, е приведено.

-Околу 22:00 часот во нашата установа, со возило во приватна сопственост, беше донесено лицето А.И. со прострелна отворана рана во горниот десен дел на амдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Поради сериозноста на повредите, по дадената прва помош и терапија, повредениот го транспортиравме во најблиската установа, односно во хирушкото одделение во Охрид, рече Алили.

Според него, пациентот бил во свесна состојба и  контактибилен.

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Македонија

Портпаролката на Владата, Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!

Published

on

Портпаролката на Владата Венера Љатифи-Азизи во интервју за весникот Лајм ги отфрли гласините за можноста за одржување предвремени парламентарни избори, заедно со локалните, следната година.

Според неа, одржувањето на предвремени избори граѓаните би ги чинело над 10 милиони евра.

„Нема индиции за предвремени избори затоа што проценуваме дека за да се одржат предвремени избори треба да се потрошат дополнителни 10 милиони евра, пари од буџетот, пари од народот, значи да им ги земеме парите на граѓаните за да ги спроведеме избори кои ги имавме пред само 4 месеци.

Нелогично е повторно да оддржиме избори. Наместо тие пари да се користат за инвестиции, изградба на училишта, спортски сали, за изградба на патна инфраструктура која е заборавена, ние зборуваме за предвремени парламентарни избори“, изјави г-ѓа Љатифи-Азизи за весникот Лајм.

Според неа, Владата никогаш не била постабилна.

„За ова говорат бројките што ги имаме во Собранието на Македонија, имаме 78 пратеници. Ова мнозинство има индикации за зголемување во иднина. Тие што зборуваат за предвремени избори во Северна Македонија е ДУИ, партијата која пред само четири месеци беше делегитимирана со гласот на Албанците и отиде во опозиција“, рече Љатифи-Азизи.

Портпаролката на Владата рече дека партијата која сега е најгласна во барањето за предвремени избори, ДУИ, пред само четири месеци доби црвен картон од Албанците, на изборите.

„Сега слушам изјави и велат да одиме на предвремени избори, ако изгубиме ќе си одиме дома. Но, пред само 4 месеци се изгубија и си заминаа дома.

Добро е сега да останат таму каде што ги испрати народот, како што им дадоа илјадници пасоши на млади момчиња, жени, мајки, татковци да тргнат по патот на печалбата, на истиот начин албанското население им даде црвен картон и ги седна на трибина да видат како се води држава.

Ако ДУИ толку сака да има предвремени парламентарни избори, има политички механизми, тоа е Собранието, нека побараат распуштање на Собранието и ќе видиме како ќе поминат таму со бројките“, рече Љатифи-Азизи.

Continue Reading

Инфо +

ЕВН: Прекин во Снабдувањето со Струја за Некои Градови и Села во Македонија

Published

on

На 08.11.2024 (петок), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе започнат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во прилог. Ве известуваме дека поради реализација на овие инвестициони зафати, насочени кон подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата во прилог.

Continue Reading

Македонија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски: Преку 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонија

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, објави значајна инвестиција од над 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонискиот регион. Оваа инвестиција опфаќа реконструкција на трафостаницата Битола 2, која се очекува да заврши овој месец. Со нејзиното завршување, ќе се подобри стабилноста на електричната мрежа и ќе се обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија за компаниите и граѓаните.

„Инвестираме во иднината на Македонија, за развојна и економски силна земја,“ изјави министерот Николовски, истакнувајќи дека оваа инвестиција ќе има долгорочни придобивки за економијата и за секојдневниот живот на граѓаните во регионот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк