Ќерката на Мајкл Џексон на 14 години се обидела да се самоубие поради злоставување на социјалните мрежи

Единствената ќерка на поп-иконата Мајкл Џексон, Парис Џексон, во разговор со Вилоу Смит, за емисијата „Разговори на црвената маса“, раскажува за тоа како било да се расте покрај Мајкл, за загубата на татко ѝ, средбата со мајка ѝ и за трауматичните искуства што ја довеле до депресија и желба да си го одземе животот.

Парис Џексон и Вилоу Смит ги поврзува повеќе од пријателство. Освен што се деца на познати родители, поради што од најрана возраст живеат опкружени со многу внимание од јавноста, нив ги поврзуваат љубовта кон музиката и фотомоделството, како и живот како единствени девојчиња во своите семејства.

Но, како што признаа во емисијата „Разговори на црвената маса“ и двете од рана возраст се бореле и со проблеми како прифаќање на телесната слика за себе, менталното здравје и сексуалноста.