Connect with us

Спорт

Столе Димитриевски e прогласен за најдобар голман на Еуро2020?

Published

on

Спорт

ВИДЕО: Нокаут кој се гледа само еднаш во 100 години! Како е возможно вакво нешто?

Published

on

На синоќешниот настан „Xtreme Fighting Championship 52“ во Ајова, САД, се случи спектакуларен нокаут што веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Дебитантскиот настап на 25-годишниот Американец, Јарон Латроп, ги воодушеви сите љубители на боречките спортови. Тој го нокаутираше Украинецот Евгениј Шинкаревски на неверојатен начин.

Шинкаревски, кој настапуваше под знамето на Израел и досега имаше две победи без пораз, не успеа да издржи ниту една рунда против Латроп. Американецот ја заврши борбата во првата рунда со фантастичен потег. Кога Шинкаревски го блокираше неговиот „среден удар“, Латроп се сврти со неверојатна техника и со десната нога го удри противникот во глава.

Иако Шинкаревски сѐ уште беше свесен, Латроп не ја пропушти шансата и веднаш се упати кон него, продолжувајќи со дополнителни удари, што ја заврши борбата.

Сето ова предизвика неверување кај коментаторите, а видеото од овој неверојатен момент стана вирално.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading

Спорт

Чкембари молчеа до 59. минута за жртвите, а потоа грмнаа за Пелистер

Published

on

Вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар започна без навивање, како почит за жртвите на трагедијата која се случи во Кочани, при што животот го загубија 59 лица.

Навивачите на Пелистер, познати како „Чкембарите“, молчеа до 59. минута од натпреварот во Битола, кога оддадоа почит за загинатите. Во тој момент извадија парола, а по истекот на 59-тата минута од натпреварот, грмнаа со еден глас, поддржувајќи ги своите „зелени“.

Од друга страна, гостинските навивачи на Вардар, „Комити“, пред почетокот на натпреварот објавија дека не е време за навивање и го одложија своето присуство на трибините во Битола. Овој гест беше целосно разбиран од тифо-сцената и од страна на „Чкембарите“, кои ја почитуваа нивната одлука.

Continue Reading

Спорт

Почит кон жртвите на трагедијата во Кочани за време на дербито во Битола ❤️

Published

on

Почит кон жртвите на трагедијата за време на дербито во Битола ❤️

Едноминутен аплауз од публиката на дербито во Битола во 59. минута. Додека публиката со овации оддаваше почит кон 59. жртви на трагедијата, играта на теренот беше запрена.

Целата сума собрана од влезниците за дербито со Вардар, од Пелистер најавија дека ќе ја донираат за погодените од трагедијата што се случи во Кочани.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by СПОРТСКИ (@sportski.info)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк