Connect with us

Инфо +

(Видео) Џамбаски со ново фaшиcтичko видео – Ја освои и Македонија

Published

on

Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД на социјалните мрежи го сподели официјалниот спот на партијата кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија, во кој нагласува дека Македонија е бугарска.

„Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност.

?? Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и БУГАРСКИТЕ ПАТРИОТИ ќе ја продолжат нашата битка за вистината!“, напиша Џамбаски на официјалниот фејсбук профил

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Свет

Кремљ потврди: Ова е главниот приоритет на Русија во моментов

Published

on

Продолжувањето на контактите на највисок ниво меѓу Русија и Кина е апсолутен приоритет за нас, во тек е активна подготовка за посетата на кинескиот лидер Си Џинпинг и руско-кинескиот самит кој е најважниот надворешнополитички настан за Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Продолжувањето на контактите на највисок ниво помеѓу Москва и Пекинг е наш несумнив приоритет, кој не е поврзан со никаква посебна ситуација, не зависи од никакви надворешни фактори, поради што се вршат интензивни подготовки за (посетата на кинескиот претседател)“, одговори Песков на новинарските прашања.

Според неговите зборови, руско-кинескиот самит е најважниот надворешнополитички настан за Москва.

„Роковите и местото на претстојниот самит на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, кој е планиран за мај, се усогласени, во тек е подготовката на агендата, која се одвива максимално активно“, истакна Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, кој престојува во официјална посета на Москва.

Пред тоа, со кинескиот министер се сретна и рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Претходниот состанок на Путин со овој кинески официјален претставник се одржа во септември минатата година во Санкт Петербург, каде се разговараше за перспективите на билатералните односи, како и за подготовките за самитот на БРИКС во Казан.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, започна во понеделникот официјална тридневна посета на Русија. Шефот на кинеската дипломатија разговараше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за претстојните контакти на највисок ниво помеѓу двете земји, развојот на билатералните односи и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и Украина.

Continue Reading

Свет

Украинскиот претседател испрати драматична порака: Зеленски бара итно решавање на овој специфичен проблем

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика на глобален одговор по синоќешниот напад на Русија со беспилотни летала на неговата земја.

Во директна порака до западните сојузници, Зеленски изјави дека е потребен „нов и почувствителен притисок“ на Москва за да се стави крај на војната.

„САД и европските земји не смеат да чекаат до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија го одби американскиот предлог за прекин на огнот“, додаде Зеленски.

„Оваа систематска и постојана природа на руските нападите јасно покажува дека Москва ги презира дипломатските напори“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс (X).

„Путин не сака дури ни делумен прекин на огнот. Не треба да чекаме до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија рече ‘не’ на американскиот предлог за прекин на огнот. Мора да се дејствува што е можно побрзо“, истакна украинскиот претседател.

Тој додаде дека официјалниот Киев е подготвен да работи со партнерите од САД и Европа на постигнување на „достоинствен и траен мир“.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа два пати ги нападнала руските енергетски постројки, и покрај договорот со посредство на САД.

Според изјавите на Министерството, Украина извршила напади со беспилотни летала и артилерија на објекти во руската област Курск.

Како што јавуваат РИА новости, ова довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Балкан

Каракачанов: Сепаратистички се барањата Македонците во Бугарија да имаат свои организации

Published

on

Шефот на македонската влада побара признавање на пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија и признавање на македонскот јазик, култура и посебност.

„Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик во ОН од 1945. Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем“ рече премиерот Христијан Мицкоски.

На ова со објавана Фејсбук се огласи Красимир Каракачанов:

„Го потсетувам македонскиот премиер Мицкоски дека како шеф на земја која аплицира за членство во Европската Унија, мора да одржува добри односи со соседните земји и пред сѐ да го почитува Договорот потпишан на 1 август 2017 година. Во него, во Членот 11 јасно вели дека ниту една страна нема да дозволи организации и групи кои се занимаваат со сепаратистички активности или имаат територијални претензии“.

За зборовите на Мицкоски дека се бара „јасно и недвосмислено признавање на вековниот македонски идентитет, на вековната македонска култура, традиција, обичаи и македонскиот јазик“, лидерот на ВМРО-БНД додава:

„Но, се разбира, јасно и недвосмислено се признава дека тие се Бугари. И тоа го докажуваат не бугарските историчари и политичари, туку стотици странски историчари – византиски, турски, американски, француски, германски, руски, кои во своите дела пишуваат само и исклучиво за Бугарите во Македонија, а не за каков било македонски идентитет“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк