Белата куќа соопшти дека починало кучето на Бајден

Едно од кучињата на американскиот претседател Џо Бајден почина денеска, соопшти Белата куќа.

Бајден и првата дама Џил изјавија дека нивниот 13-годишен миленик, германскиот овчар Чемп, починал дома, пишува „Си-Би-Ес Њуз.

„ Тој беше наш постојан, грижлив придружник во последните 13 години. Целото семејство Бајден го обожаваше. Иако силата на Чемп се намалуваше во изминатите неколку месеци, кога влеговме во собата, тој веднаш стануваше, ќе вртеше со опашката и ќе играше со нас“ се наведува во соопштението.

На крајот од денот најмногу сакаше да се свитка пред нашите нозе, но и да присуствува на состаноци или да се сонча во градината на Белата куќа, додаваат тие.

„ Во помладите денови, тој беше најсреќен додека бркаше топки за голф на тревникот на Поморската опсерваторија или додека ги бркаше внуците во нашиот двор во Делавер. Тој беше со нас во најсреќните моменти, но и во најтешките. Секогаш ќе ни недостасува“ се наведува во соопштението на Белата куќа.

Чемп е во семејството Бајден од 2008 година, а ќерките на Бајден му го дадоа името.