Марија од Битола повторно со необичен настап – По змијата, сега излезе во лудачка кошула (Видео)

Учесничката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска (23) која доаѓа од Македонија со причина ја носи титулата најестравагантна учесничка.

Со смели комбинации и до детаљ осмислени настапи, Марија од Битола не престанува да ги изненадува гледачите и жирито. Последен пат ги шокираше сите кога на сцената се појави со змија, а овој пат ги надмина сите очекувања откако се појави со сценски перформанс за песната „Денес сум луда.

Груевска, начинот на кој размислуваш е фасцинантен. Твоите пејачки интервали се толку точни, одлично го изведе ова, истака Ѓорѓе Давид.

-Ти си иднината на Ѕвездите на Гранд, ти благодарам на новата димензија на ова шоу, истакна Мили.

Останатите членови на жирито истакнаа дека таа секогаш предизвикува силна реакција со своите настапи што е многу важно, поважно и од тоа дали ќе биде сфатена нејзината порака или изведба.

Видео:

https://youtu.be/E8Bcl5yrYvE