Connect with us

Спорт

Ангеловски: Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство

Published

on

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, вечерва на прес-конференција по поразот од Холандија (0:3) ги искажа своите впечатоци за дебитантското учество на едно Европско првенство.

– Можам да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство. Воопшто не треба да бидеме разочарани. Ова беше наш дебитантски настап. Би сакал да им се заблагодарам на фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев за сè што направија на ЕВРО 2020. Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство, изјави Ангеловски.

Според најавите, и Ангеловски го имаше последниот натпревар како селектор, бидејќи, како што рече тој самиот, договорот со Фудбалската федерација на Македонија му истекува на 31 јули.

Спорт

Омерагиќ со раководството на Црвена Звезда: Пријателствата и партнерствата се клучни за иднината на фудбалот

Published

on

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во просториите на „Куќа на фудбалот“ оствари средба со највисокото раководство на белградскиот фудбалски клуб Црвена Звезда. Делегацијата на српскиот шампион беше предводена од генералниот директор Звездан Терзиќ и претседателот на клубот, Светозар Мијаиловиќ.

На средбата, Омерагиќ изрази искрена благодарност за поддршката и хуманитарниот гест што Црвена Звезда го направи за настраданите во трагичната несреќа во Кочани. Тој посебно го истакна значењето на пријателскиот натпревар што неодамна се одигра во Скопје помеѓу Вардар и Црвена Звезда, кој имаше хуманитарен карактер.

„Црвена Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам кој треба да се следи. Доколку сакаме македонскиот фудбал да се доближи до европските стандарди, мора да учиме од најдобрите во регионот и да градиме партнерства,“ изјави Омерагиќ.

Претседателот на ФФМ нагласи дека пријателските односи и соработките со клубови од регионот, особено со оние со докажан успех и системска стабилност, се од клучно значење за развојот и унапредувањето на македонскиот фудбал.

Средбата помина во духот на меѓусебна почит и визија за заеднички проекти во иднина, кои би придонеле за развој на младинските школи, инфраструктурата и квалитетот на натпреварувањата на Балканот.

Continue Reading

Спорт

Даријан Галевски пред вратите на Барселона, а има само девет години

Published

on

Даријан Галевски, талентираниот фудбалер од Македонија

Деветгодишниот Даријан Галевски, кој е производ на школата на Јовче Џипунов, привлече внимание и од страна на европскиот гигант Барселона. Деветгодишниот фудбалер има повеќе од 20 одиграни турнири во својата генерација (2016), а еден од нив му донел покана за учество на камп во Барселона.

По учеството на турнирот во Загреб, каде четири тренери и координатор од престижната школа Ла Масија го прогласиле за најдобар играч во конкуренција од 200 врсници, Галевски добил покана за учество на камп организиран од Ла Масија. Неговата автентична игра го воодушевила тимот на Барселона, кој го опишал како фудбалер со многу поголема визија од своите врсници.

Барселона верува дека ќе имаат нова шанса да го проценат Галевски, пред можен договор по неговите 13. години, кога ќе ги исполнува условите, пренесува “Ал Џезира Балкан”.

Според неговиот татко, Дарјан започнал да шутира топка на две години, а на четири години и осум месеци, првпат се појавил на тренинг во школата “Форца” на Џипунов. Неговиот талент бил забележан и од Црвена звезда, каде што Галевски продолжил да се развива. Успехот на ова младо момче ветува големи нешта во иднина.

Continue Reading

Спорт

Барса со најтежок распоред од сите полуфиналисти:Каталонците ги чека пекол!

Published

on

Оваа година полуфиналисти на Лигата на шампиони се – Арсенал и Пари Сен Жермен, односно Барселона и Интер. 

Полуфиналните натпревари се играат на 29 и 30 април, односно 6 и 7 мај, што значи дека сите учесници ги очекува интензивен распоред во претстојниот период. Сепак, Барселона има убедливо најтежок распоред, бидејќи за само 15 дена ќе игра двојно натпреварување со Реал Мадрид и двојно натпреварување со Интер! 

Барса прво ќе се соочи со Реал во финалето на Кралскиот куп на 26 април, а само четири дена подоцна го дочекува Интер во првиот натпревар. Потоа следи единствениот полесен натпревар, гостување кај Ваљадолид, а потоа нови два натпревари – реванш со Интер и ново, лигашко „Ел класико“ на 11 мај на „Монжуик“. 

Кога ги гледаме останатите учесници во полуфиналето, на Пари Сен Жермен и Арсенал им е најлесно, бидејќи можат само да се фокусираат на Лигата на шампионите. ПСЖ веќе ја освои Лига 1, Арсенал не може да ја освои Премиер лигата, а е исфрлен и од ФА купот и целата концентрација е на полуфиналето на ЛШ.

Интер е најблизок до Барселона поради тоа што сè уште се бори за Скудето, но и за финале на Купот на Италија. 

Интер игра реванш полуфинале на Купот на Италија со Милан на 23 април, потоа го дочекува Рома во Серија А, а меѓу двојниот натпревар со Барса го дочекува Верона и по дуелите со Каталонците гостува на Торино. 

Интер по бројот на натпревари се споредува со Барселона, но јасно е дека на хартија сепак е полесно да се игра со Рома и Верона дома, отколку двојниот натпревар со Реал Мадрид во тој густ распоред.

Термините за полуфиналето на Лигата на шампиони се:

29 април: Арсенал – ПСЖ
30 април: Барселона – Интер

6 мај: Интер – Барселона
7 мај: ПСЖ – Арсенал

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк