Connect with us

Инфо +

ДИВА СВИЊА шетала низ детскиот парк во Делчево

Published

on

Млада дива свиња денеска ги растревожи посетителите во делчевскиот Детски парк во населбата Ново Делчево. Свињата прва ја забележала делчевката Розета Сугарева која случајот го пријавила во полиција, од каде поради ненадлежност за случајот добила насока да се обрати до шинтерска служба или Ловно друштво.

Случката ја потврдија и родители кои со своите деца го посетија Детскиот парк во Ново Делчево.

-Само што стасавме и се паркиравме прасето беше овде кај лулашките. Кога ги виде децата избега некој од присутните рече најверојатно кон реката. Имаше околу 40-50 килограми, не правеше проблеми изгледаше повеќе уплашено, истакна родител на едно од децата кои си играа во паркот.

Ваквата појава според родителот е невообичаена, бидејки порано немало вакви случаи во градот да се шетаат диви свињи.

-Чудно во последно време ја имаа таа појава. Мислам дека тоа е така бидејки ги има во поголем број во шумите и затоа се спуштаат во градските подрачја, додава родителот од Делчево.

Постарите жители кои ги затекнавме во паркот се осврнаа и на неодамнешниот случај за присуството на мечка која била забележана во атарот на неколку села.

-Тоа со мечката е така, бидејки тие диви животни се движат онаму каде нема луѓе, а бидејки во повеќето наши села веќе нема жители, се случува да се симнат од повисоките места и да уништат пчеларници како што тоа беше случај во селото Киселица и на неколку други места, истакна Драган Димитровски од Делчево.

Велат дека ваквите појави и понатаму ќе бидат забележливи во селските средини особено во селата каде повеќе не живеат луѓе.

Свет

Трамп откри што ќе се случува откако ќе биде договорен прекин на огнот помеѓу Русија и Украина

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува целосен прекин на огнот во Украина да биде договорен „многу наскоро“. Зборувајќи пред новинарите во Овалната канцеларија, Трамп нагласи дека по постигнувањето на примирјето, ќе следува договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.

„Во моментот се водат преговори за договор, особено за поделбата на териториите. Тие преговори се водат токму сега, додека зборуваме“, изјави Трамп, кој минатата недела имаше разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали САД ќе воведат санкции кон Русија поради продолжените напади на Украина, Трамп одговори: „Па тие се борат меѓусебно“.

Преговорите за примирје, кои ги води администрацијата на Трамп, се интензивираа во последните недели, со напори да се дефинираат јасни територијални граници кои ќе ги задоволат двете страни. Меѓутоа, овие преговори предизвикаа контроверзии, бидејќи претставуваат одстапување од досегашната американска политика на целосна поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

Администрацијата на Трамп се соочува со голем притисок од западните земји поради можноста за територијални компромиси со Русија. Киев бара целосно враќање на териториите анектирани од Русија, додека Кремљ смета дека досегашните предлози не се доволни.

Европската Унија, иако ги поддржува напорите за прекин на конфликтот, изразува загриженост поради можниот преседан кој би можела да го создаде евентуалната поделба на Украина, истакнувајќи ја важноста за зачувување на територијалниот интегритет на Украина.

Continue Reading

Свет

Трамп: Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во руско-украинската војна

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека наскоро ќе биде постигнат целосен прекин на огнот, што ќе стави крај на војната помеѓу Русија и Украина.

„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во конфликтот меѓу Русија и Украина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, пренесува Си-Ен-Ен.

„Договорот се преговара во моментов. Тој се однесува на поделбата на земјата и други аспекти, и се преговара додека зборуваме“, додаде Трамп. Тој истакна дека ќе остане упорен во настојувањето да се заврши војната, со цел да се запре насилството и да се заштедат средствата што САД ги вложиле во воената помош за Украина.

На прашањето дали САД ќе воведат санкции против Русија поради нејзините континуирани напади врз Украина, Трамп одговори: „Па, тие се борат меѓу себе“, пишува Си-Ен-Ен.

Continue Reading

Балкан

ВИДЕО: Хаос на улиците во Ниш – ескалираа протестите, нападнат градоначалникот

Published

on

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења.

Вечерва во Ниш дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, кога група граѓани, за кои се верува дека се поддржувачи на студентските блокади и опозициските протести, извршија насилен напад на неколку локации во градот.

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења.

Насилството не го поштеди ниту градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, кој исто така бил физички нападнат.

Засега не е познат точниот број на повредени. Итната помош интервенирала на терен, а полицијата го обезбедува градското јадро.

Од надлежните институции се очекува официјално соопштение во текот на вечерта, а граѓаните се повикуваат на смиреност и воздржаност.

ВИДЕО

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк