Connect with us

Спорт

(Фото) Пандев во небо на последниот тренинг за репрезентација

Published

on

Како и на секој тренинг на Македонија во последните шест години, така и на вчерашниот официјален пред дуелот со Холандија, можеше да се почувствува одличната атмосфера која што владее во редовите на националниот тим.

Селекторот Игор Ангеловски ги подели последните совети пред пресметката со „лалињата“, а овој тренинг мина во знакот на Горан Пандев, затоа што беше негов последен во својата богата играчка кариера.

На прес-конференција, Пандев потврди дека натпреварот со Холандија ќе биде негов последен во дресот на Македонија, па затоа на својот последен тренинг соиграчите му приредија изненадување и го „летаа до небо“ во знак на благодарност за тоа што го има дадено за дресот со националниот грб.

Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес, Горан Пандев дебитираше во 2001 година, а досега за Македонија настапи на 113. натпревари и постигна 34 погодоци.

Спорт

Коњановски: Битола ќе биде домаќин на квалификациите за Светското првенство во ракомет за жени

Published

on

Битола ќе биде домаќин на уште еден значаен спортски настан, кој ќе привлече внимание од целиот регион. Сениорската женска ракометна селекција на Македонија, во сабота, 12 април 2025 година, со почеток во 19:00 часот, ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство во ракомет, против селекцијата на Полска. Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, каде љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во натпревар од светска класа.

„Овој натпревар е не само спортски настан, туку и прилика за граѓаните на Битола да покажат солидарност и хуманост. Продажната цена на влезниците за натпреварот ќе биде 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани“, изјави Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.

Тој посочи дека Битола, како град со традиција на спортски успеси, повторно ќе ја покаже својата посветеност на спортот и хуманоста, преку организирање на овој важен настан. Битолчани ќе имаат уникатна шанса да го гледаат натпреварот од светски рамки и да придонесат за помош на оние кои имаат потреба.

Continue Reading

Спорт

Рафиња збесна поради судијата, па му одбруси на Ханси Флик и ќе се „тепаше“ со Тер Штеген (ВИДЕО)

Published

on

Бразилецот Рафиња збесна по реакцијата на судијата Хил Манцано да не дозволи да биде изведен последниот корнер за Барселона на дуелот против Бетис во судиското продолжение. Беа останати уште десетина секунди, но судијата не дозволи изведување на последниот удар од аголот, а фрустрацијата на Рафиња беше толку голема, што по крајот на натпреварот се впушти во вербална конфронтација со судиите.Тренерот Ханси Флик мораше лично да интервенира и да го оддалечи својот фудбалер за да не добие директен црвен картон.

Рафиња револтирано му одбруси на тренерот Флик, а на патот кон соблекувалната се расправаше и со својот соиграч, голманот Тер Штеген, кој се обиде да го смири, но беше оттурнат од разлутениот Бразилец.

„Рафиња не беше лут на судиите, туку на мене“, се обиде да ја смири ситуацијата, тренерот Ханси Флик.

Continue Reading

Спорт

Макс Ферстапен најбрз на „Сузука“ во Јапонија

Published

on

Четирикратниот Ф1 шампион Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Јапонија на патеката „Сузука“. Тоа е трета трка оваа сезона во Формула 1, а и прв триумф за Ферстапен, кој стартуваше и од пол позицијата.


На првите две трки победија возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пиастри.

Актуелниот светски шампион, по вчерашната пол-позиција, ја задржа предноста од квалификациите и рутински стигна до победа на трката за Големата награда на Јапонија.

Зад него завршија двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пиастри, додека четвртата позиција му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Потоа следуваше двоецот од Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели, додека Луис Хамилтон ја заврши трката на незадоволителната седма позиција. Во првите десет се пласираа и Изак Хаџар, Алекс Албон и Оливер Бирман.

Клучен момент на трката се случи во 22-от круг, кога и Ферстапен и Норис влегоа во боксот и излегоа речиси во исто време, при што Норис мораше да излезе на тревата и на тој начин остана зад Холанѓанецот.

Судиите на патеката ја прегледаа ситуацијата и одлучија дека нема причина да го казнат Ферстапен, кој така стигна до својата прва победа во новата сезона.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк