Connect with us

Инфо +

НЕМА ЧОВЕК, НЕМА МАКЕДОНЕЦ КОЈ НЕ ПОЧУВСТВУВА МОРНИЦИ – Пандев емотивно испратен во репрезентативна пензија (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ја заврши репрезентативната кариера откако после 65 минути игра беше изваден од игра при негатива на Македонија со 0-3, па цела Амстердам Арена со стоечки овации и аплауз го испратија македонскиот ас во пензија.

Буквално запре цел стадион и сите во чест на Пандев ракоплескаа.

За Пандев ова беше последен меч за Македонија, па холандската публика со аплауз го испрати во пензија, а македонските навивачи со скандирање на неговото име му се заблагодарија за сѐ што направи за македонскиот фудбал и националниот тим, посебно за ова деби и историски настап на Европското првенство.

Свет

Германија даде зелено светло за делумна воена обврска, младите масовно протестираат

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој повторно се воведува делумна воена обврска, мерка што властите ја оправдуваат со растечките безбедносни ризици и недостигот од активен воен кадар.

Министерот за одбрана Борис Писториус изјави пред гласањето дека „демократските слободи не се бранат сами од себе“ и дека потребни се луѓе кои се подготвени да ги штитат. Новиот модел предвидува воената служба да остане доброволна, но ако бројот на регрути не е доволен, Бундестагот може привремено да активира задолжителна краткорочна служба.

Законот воведува и задолжително пополнување прашалник за подготвеност за служба за сите кои наполниле 18 години, но оваа обврска се однесува само на младите мажи.

Германија е должна според НАТО-стандардите да обезбеди 260.000 активни војници, а моменталниот број во Бундесверот е околу 185.000. Доброволната служба би траела шест месеци, со месечен надомест од околу 2.600 евра.

Паралелно со дебатата во Бундестагот, низ многу германски градови се одржаа протести, предводени главно од средношколци. Под слоганот „Не сакаме да бидеме топовско месо“, демонстрантите изразија жестоко противење на враќањето на воената обврска.

Германија ја укина задолжителната служба во 2011 година поради уставни ограничувања, бидејќи државата не можеше да гарантира еднакви услови за сите регрути во генерацијата.

Continue Reading

Свет

Унгарија го блокира планот на ЕУ за финансирање на Украина преку еврообврзници

Унгарија денеска официјално ја одби можноста Европската унија да издаде еврообврзници за финансиска поддршка на Украина, што според „Политико“ го поништи потенцијалниот план Б на Унијата доколку не се постигне договор за употреба на замрзнатите руски државни средства за заем од 165 милијарди евра.

Европската комисија бара земјите-членки на Самитот овој месец да одобрат модел на поддршка базиран на руските резерви на централната банка, но Белгија е најголемиот противник на овој пристап бидејќи го држи поголемиот дел од средствата и стравува од правни последици доколку Москва покрене тужба.

Еврообврзниците се разгледуваа како алтернатива, но Будимпешта ја отфрли идејата за заедничко задолжување врз основа на седумгодишниот буџет на ЕУ, соопштиле двајца дипломати за „Политико“.

Одлуката следеше само неколку часа пред вечерата во Брисел меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер, на која требаше да се разговара токму за финансискиот пакет. Мерц изјави дека сака да ги увери белгиските власти дека предложениот модел е исправен, нудејќи германска гаранција за 25 отсто од средствата. Но Де Вевер бара поширока гаранција од сите земји-членки, која би ја покрила целата потенцијална штета – или повеќе.

Комисијата ги предложи еврообврзниците како една од двете опции за избегнување на можниот финансиски пресушен период за Украина уште од април следната година, но задолжувањето преку европскиот буџет бара едногласие, кое со унгарското вето станува невозможно.

Брз напредок не се очекува ниту поради силната белгиска опозиција кон „репарацискиот заем“, иако Комисијата тврди дека правните и финансиските ризици се минимизирани.

Според предлогот, 115 милијарди евра би се насочиле кон украинската одбранбена индустрија во наредните пет години, а дополнителни 50 милијарди евра за буџетските потреби на Киев.

Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди дека користењето на руските замрзнати средства од страна на ЕУ би било „casus belli“, односно причина за војна.

Continue Reading

Балкан

Турција апси професионални фудбалери и клубски шефови – Ова се причините

Турските власти издадоа наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои 29 професионални фудбалери, во рамки на обемна истрага за местење резултати, соопшти канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул.

Според обвинителството, 27 од играчите се осомничени дека се обложувале на натпреварите во кои настапувале нивните тимови. Меѓу нив е и Метехан Балтаџи од актуелниот турски шампион Галатасарај, додека идентитетот на останатите 26 фудбалери не е откриен. Играње преку трето лице се припишува и на Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче.

Дополнително, обвинителството нареди апсење на претседателите на два клуба кои, според сомнежите, се обиделе да влијаат на исходот на натпревар меѓу своите тимови во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата, која започна на почетокот на ноември, веќе доведе до апсење на шест фудбалски судии и на претседателот на прволигашот Ејупспор. Турската фудбалска федерација (ТФФ) најави дека продолжува со „чистење“ на турскиот фудбал, а претходно суспендираше околу 150 судии поради учество во обложување на натпревари.

Во ноември, дополнително, 25 прволигаши и речиси 1.000 играчи од втората до четвртата лига добија суспензија до 12 месеци, како дел од мерките за искоренување на нелегалните активности во турскиот фудбал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг