Connect with us

Инфо +

Се огласи Пандев по последниот меч: Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес??

Published

on

Горан Пандев вечерва се прости од македонската репрезентација. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.

Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес изминатите 20 години. Изборивме пласман на Европското првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта за мене на 38 години е невозможно. Во иднина ќе навивам за овие момци и убеден сум дека имаат квалитет да се пласираат на светското првенство, изјави Пандев.

Најдобриот играч во историјата на македонскиот фудбал забележа 122 настапи и 38 голови во дресот со македонскиот грб.

Скопје

Ѓорѓиевски: Историски ден за Стаклара – по половина век, населбата доби фекална канализација!

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со голема гордост објави завршувањето на првата траса од фекалната канализација во населбата Стаклара-Каменик, проект кој жителите го чекаа повеќе од 50 години.

Со поставувањето на мрежа долга 3600 метри, над 500 семејства и бројни бизниси конечно добиваат основна инфраструктура која ќе им го подобри квалитетот на живот и ќе стави крај на долгогодишната употреба на септички јами – проблем кој не само што го загрозуваше здравјето, туку го спречуваше и развојот на оваа заборавена населба.

„Денес, Стаклара има фекална канализација! Ова не е само инфраструктурен проект, туку историски чекор за целосна трансформација на населбата. Со тоа покажуваме дека времето на празни ветувања е зад нас“, истакна Ѓорѓиевски.

Проектот е реализиран преку финансиско партнерство меѓу Општина Кисела Вода и компании од овој дел на општината, а наскоро ќе започне изградбата на втората траса од 1200 метри.

Покрај тоа, Министерството за животна средина веќе ја започна тендерската постапка за изградба на водоводната мрежа, која треба да започне во март или април, а потоа ќе следи и асфалтирање на улиците, со што Стаклара ќе добие не само функционална, туку и модерна и естетска инфраструктура.

„Овој проект е доказ дека кога се работи со посветеност и љубов кон граѓаните, и најдолготрајните проблеми може да се решат. Мојот народ заслужува!“, порача градоначалникот.

Со вакви проекти, Ѓорѓиевски испраќа силна порака дека Кисела Вода оди напред, а „најдоброто допрва доаѓа.“

Continue Reading

Македонија

ВИКЕНДОВ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА БИТОЛЧАНИ ДО СТРЕЖЕВО И ПЕЛИСТЕР

Published

on

Поради температурната инверзија која што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, општина Битола за време не пресојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон Инфоцентарот на Пелистер, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух.

Во текот на утрешниот ден, детално ќе бидат соопштени деталите околу превозот.

Во меѓувреме, Општина Битола редовно го следи состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, преку двете официјални мерни станици Битола 1 и Битола 2, како и препораките кои што доаѓаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во текот на вчерашниот ден, општина Битола веќе објави дека во текот на два последователни дена, прагот е надминат во мерната станица Битола 2. Исто така, општина Битола веќе врши вонредни инспекциски надзори за контрола на Б интегрирани дозволи, казнување и опомена за горење на несоодветни опасни материјали, забраната за горење на отворено итн, согласно мерките пропишани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за инспекциски надзори од страна на општинските служби.

Continue Reading

Инфо +

Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница

Published

on

Полицијата во јапонската префектура Сајтама уапси 46-годишен маж под сомнение дека украл амбулантно возило. Според извештаите, сѐ почнало кога осомничениот во понеделникот вечерта повикал брза помош жалејќи се на болки во стомакот.

Хироши Хирата бил прегледан од тројца болничари, додека во тој миг бил пијан, и медицинските лица утврдиле дека нема потреба да оди в болница. Пациентот потоа, се наведува, се вознемирил и им се заканил на болничарите со нож, па излегол надвор и им го украл возилото на брза помош.

Полицијата ги пронашла Хирата и возилото на паркинг на аптеката во близина и го уапсила на самото место. Во полициското соопштение се вели дека Хирата изјавил оти имал намера „сам да се превезе“ до болница.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк