Connect with us

Спорт

Елмас за Пандев: Немам зборови со кои можам да те опишам бате Гранде Пандев легендо (ФОТО)

Published

on

Елиф Елмас испрати прекрасна порака до Горан Пандев, кој се пензионира и нема повеќе да игра во националниот дрес на Македонија.

Младиот талент на социјалните мрежи го поздрави капитенот со зборовите: „Нема зборови со кои можам да те опишам бате Гранде Горан Пандев“.

По 20 години, 37-годишниот Пандев заминува во заслужена пензија. И не можеше да посака поубав крај, од настап на едно Европско првенство со нашата репрезентација.

Спорт

Распишан конкурс за избор на национален дрес

Published

on

Сојузот на спортски федерации на Македонија објави јавен конкурс за избор на унифициран национален дрес на сите репрезентации, во сите спортови.

Дизајнот треба да содржи автентични македонски национални обележја и да биде применлив и функционален.

„Да не бидеме шарени, туку унифицирани и насекаде препознатливи. Твоја идеја, твој потпис!“ – порачуваат од Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Како што објавува ССФМ, најдобрите три дизајни ќе бидат наградени и тоа со 50.000 денари, 30.000 денари и 20.000 денари. Конкурсот трае до 15 мај, а идејните решенија треба да се испратат на е-мејлот: dres@ssfm.mk.

Continue Reading

Спорт

Ѓорческа поразена во меч во три сета

Published

on

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во Копер W75 турнирот што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Поуспешна денеска од неа беше Екатеине Горгодзе од Грузија која оствари победа од 2-1 во сетови (75 06 62) за два часа игра. Тенисерката од Грузија со триумфот го изедначи скорот на 2:2 во победи во меѓусебните мечеви на турнири од ИТФ, а сите беа решени во три сета. За Ѓорческа останува и една победа во меч од БЏК купот.

Мечот практично беше решен во првиот сет кој со 7.5 во гемови го освои Горгодзе. Таа поведе со 4:1 и 5:2 во гемови, но македонската тенисерка стигна до 5:5. Сепак последните два гема во сетот го освои тенисерката од Грузија за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет комплетна доминација на Лина која без загубен гем го освои сетот со 6:0 во гемови и изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет Горгодзе поведе со 4:0 во гемови што се покажа како решавачко бидејќи сетот заврши со 6:2 во гемови во нејзина корист.

Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс туннир во швајцарскиот Киасо турнир од рангот W75 што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Според листата на пријавени нашата тенисерка ќе треба да стартува со мечеви од квалификациите.

Continue Reading

Спорт

Меси откри кој млад фудбалер најмногу му се допаѓа: “Има само 17 години, знам дека ќе биде најдобар”

Published

on

Меси: Сакав да се вратам во Барселона, но семејството и околностите ме донесоа во Мајами

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси во интервју за „Simplemente Fútbol“ откри дека по завршувањето на својот престој во Пари Сен Жермен, бил подготвен да се врати во Барселона. Сепак, и покрај желбата, враќањето не било возможно, па решил да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, клуб од МЛС-лигата.

„Искрено, сакав да се вратам во Барселона. Тоа беше мојата желба, мојот дом. Но, околностите не дозволија тоа да се реализира. Поразговаравме дома и донесовме семејна одлука – да се преселиме во Мајами,“ изјави Меси.

Тој нагласи дека комфорот и среќата на неговото семејство отсекогаш му биле приоритет, но желбата за натпреварување и победување останува жива.

„Најважно ми беше да се осигурам дека семејството ќе биде добро. Денес, навистина уживам во фудбалот и во животот. Но, желбата за победа никогаш нема да згасне – тоа е дел од мене, тоа е како што сум израснал. Сакам да се натпреварувам, тоа ми е во крвта,“ додаде Аргентинецот.

Меси истакна дека, по освојувањето на Светското првенство со Аргентина во 2022 година, веќе нема што да докажува.

„Светската титула е најубавото нешто што сум го доживеал. Тоа беше единственото нешто што ми недостасуваше. Кога ја освоив, им реков на моите најблиски: тоа е тоа.“

Во разговорот, Меси посвети внимание и на младиот талент на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал.

„Она што го прави Ламин на таа возраст е неверојатно. Веќе е европски шампион, а има само 17 години. Сè уште расте, но нема сомнеж дека станува збор за извонреден талент кој веќе сега е еден од најдобрите на светот“, заклучи Меси.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк