Лелејјј МИНИСТЕРОТ за туризам на Израел – премиерот му вели: Ги тераш мажите да се срамат!

Видеото во кое се гледа како израелскиот министер за туризам Јоел Развозов излегува од вода го обиколи светот, а неговите мускули и понатаму се главна тема.

Израелците се воодушевени со неговиот изглед, а за тоа доволно зборува и коментарот под видеото: Нешто заборавие да ни кажат за новата влада – Развозов е најзгодниот министер кој некогаш сме го имале.

Развозов има 40 години, а пред да влезе во политиката бил успешен каратист. Дури и ја претставувал земјата на европски и светски првенства, а дури бил дел и од Олимписките игри.

Од спортската кариера се откажал заради повреди, но и натаму спортува рекреативно.

Споменатото видео кое се шири по социјалните мрежи, а во кое потсетува на сцена од „Чувари на плажа“, стигнало и до седница на Владата на која премиерот му рекол да престане да тренира зашто правел мажите да се срамат.

– Јоел престани да тренираш правиш мажите да се срамат пред жените, рекол премиерот Бенет.