Connect with us

Инфо +

Видео: Се урна станбена зграда во Мајами, во тек е голема спасувачка операција

Published

on

Повеќе од 80 пожарникарски и спасувачки тимови се ангажирани во акцијата за спасување откако делумно се урна 12-спратна зграда во Мајами, објавија американските медиуми.

Една жена загинала, а најмалку осум лица се повредени. Се стравува дека има жртви под урнатините. Во зградата имало над 100 станови.

Засега не е познато зошто 12-катната зграда во Сурфајд делумно се урна во текот на ноќта.

Македонија

Мајката на Васил Јованов низ солзи изрази сочувство до семејството на Фросина

Published

on

Според изјавите на родителите, Васил по првата пресуда не консумирал дрога и алкохол, работел со психолог. Вечерта на несреќата, по подолго време се напил алкохол при отворање на кафуле на негов пријател. Посочија дека не му дале дозвола на Васил да го управува автомобилот без возачка дозвола и дека тој го украл од нив. Негираа каква и да било поврзаност со судијката Даниела Алексовска Стојановска.

„Ние сме фамилија на која приходите исклучиво им се од плата. Не сме богата фамилија, уште помалку влијателна и немам никаде и кај никого интервенирано за било какво намалување на казните на син ми. Немаме други станови во Скопје. Судијката на случајот воопшто не ја познавав претходно, ја видов во судница. Од аспект на родител не направив ама баш ништо за Васил да поминува неказнет низ системот како што беше кажано. Тоа најодговорно го тврдам, пред Бога и пред вас. Најдлабоко сочувство до семејството на родителите“, рече таткото на Васил.

Рече дека уште од првиот момент кога разбрал за настанот, чувствувал потреба да изрази сочувство, но дека имало напади кон возачот и проценил дека во тој момент може само да ја влоши ситуацијата доколку изрази сочувство.

„Размислував да го направам тоа на самото лице место кога сфатив дека тоа се нејзините родители, но имаше ситуација од нивни блиски, се упатуваа закани кон возачот. Направив проценка дека ако во тој момент пристапам кон родителите најверојатно само ќе ја влошам состојбата, така барем размислував. Тогаш помислив дека е најдобро за неколку дена, но работите отидоа предалеку и немаше простор за лично сочувство, затоа мораме вака јавно да изразиме сочувство“, рече таткото на Васил.

Мајката на Васил Јованов низ солзи изрази најдлабоко сочувство до семејството на Фросина Кулакова која беше усмртена од нејзиниот син на „Партизанска“ на пешачки премин.

„Сакам да изразам најдлабоко, најискрено, најдлабоко мајчинско сочувство особено до мајката на Фросина. Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка. Загубата е ненадоместлива и непрежалива. Како што кажа сопругот, таа вечер се зацрнија два дома. Бремето од оваа ситуација ќе остане да тежи до крајот на нашите животи, на целото наше семејство. Мислам дека само тој што има дете би требало за миг да може да се стави и во нашата кожа и да претпостави колку е страшно, колку е болно и каков товар е ова. Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да има сила да ја издржи оваа загуба и смирение да ја прифати. Како мајка стојам на располагање на другата мајка ако со било што можам на било каков начин да се најдам во овој претежок период. Немам доволно зборови да ја искажам болката и жалењето за се што се случува. Васил по игра на случајот, е наше единствено дете. Имавме друго кое почина на свои 23 часа живот“, рече Ана Јованова, мајка на осомничениот Васил.

Запрашана за судијката што на Васил Јованов му определи казнено поправен дом а не затвор, таа рече: „Судијката првпат ја видов во животот во рамките на самата судница на рочиштата и не знам дали била сопруга на мој колега. Можеби е сопруга на поранешен колега, но јас не сум била свесна за тоа. Бог ми е сведок“, рече Јованова.

Бранителот на Васил, адвокат Дуковски, демантираше повеќе наводи изнесени во јавноста, како што се брзината на возење во моментот на несреќата и наводните протекции на родителите. Рече дека вешташењето е вчера почнато и повика немсто повици за линч, да се остави институциите да си ја работат работата.

„Она што ме поттикна и што не можев да поминам преку тоа е изразувањето на многу ноторни невистини, повик на линч, повик на крв и наместо воспоставување на право со владење на законите во една демократска и правна држава во една обвинителска и судска постапка, воспоставување или обид за воспоставување на т.н. начело – око за око, заб за заб. Во последниот период видовте низа т.н. експерти кои се низата за постапката, а постапката не трае ни една недела. Вчера беа донесени првите наредба за сообраќајно техничко вешташење но јавноста беше индоктринирана со неколку нереални, неточни и насочени кон подигањето на јавниот гнев и повик на линч кон осомничениот Васил Јованов“, вели Дуковски.

Извор: mkd.mk

Continue Reading

Македонија

Тетовец уапсен за тешка кражба

Published

on

policija

На 06.02.2025 во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Уапсен во тетовската болница: Осомничен за обљуба на малолетник

Published

on

policija tetovo

На 06.02.2025 во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово. За случајот биле известени и вклучени Јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Р.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк