Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во „Топ Тема“ на телевизија Телма изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според „Преспанскиот договор“.
Според него, Куќата на фудбалот примила пари од Агенцијата за млади и спорт на име на младинските репрезентации, па затоа ФФМ мора да ги почитува уставот и законите во државата и да го промени името, вели Заев во гостувањето на Телма.
Премиерот Заев денеска на Скопскиот економски форум рече дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.
Вечерва во Офицерскиот дом во Битола беше отворена изложбата “Париски рефлексии 2 и 3“, во која се поместени дела од најзначајните македонски ликовни уметници кои твореле во минатиот век.
Како и минатата година, така и оваа, во Културно информативниот центар Офицерски дом – Битола, во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса, а со поддршка на Француската амбасада, односно Францускиот инситут од Скопје, НУ Национална галерија на Македонија е претставена изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“ што всушност се селекции од изложбите во Чифте Амам.
Како и минатата година и оваа, изложбата во Битола е поставена на иницијатива на почесниот конзул на Република Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ. Иницијативата беше прифатена од страна на Француската амбасада, а во соработка со Француската алијанса, Францускиот институт, Националната галерија во Скопје и домаќинот Културно информативниот центар Битола.
На изложбата се обрати домаќинот, дииректорот на КИЦ Битола, Благојче Божиновски, кој рече дека му е чест што Офицерски дом е домаќин на оваа изложба и додаде:
-Ако во Битола минатата година беа претставени основоположниците на совефемена модерна уметност на Македонија кои своето творештво го насликале преку студиски престој во Париз, во центарот на светската уметност, оваа година пред битолската јавност се поставува втората изложба. Претставени се автори родени после 1930 година, а творече после втората светска војна. Тоа се Борислав Траиковски, Кондовски, Мазев, Куновски, Петровски, Корубин… Преку ницните дела се чуствуваат рефлексиите на едно време. Сакам да ја истакнам важноста на оваа изложба која ќе биде поттик за сите.
Маја Неделкова – Брзарова, директор на Национална галерија на Македонија и куратор на изложбата рече:
-Веќе три години наназад пред македонската публика се поставени изложбите Париски рефлексии 1, 2 и 3 како дел од традиционалното обележувањето на деновите на Франкофонија во Македонија. Претставуваме селекција од овие изложби и во КИЦ Битола, а вечерашната изложба е дел од настаните од догогодишното взаемно почитување на цврстите билатерални врски помеѓу двете земји и претставува големо значење во негувањето на пријателските врски помеѓу народите. Битолската публика може да види дел од изложбите Париски рефлексии, каде се поставени 38 дела.
Првиот заеник на Амбасадорот на Франција во Македонија рече:
-Среќен сум пто сум со вас на отворањето на оваа изложба на која има изложено многу дела, а тука вечерва има и голем број млади. Како што и навестува насловот на изложбата инспирацијата е црпена од Париската школа. Париските трендови се очигедни кога се восхитувате на делата на големите македонски уметници, Париз присутен тука, преку боите, преку потезите на четките на уметниците. Битола град на културата близок со Франција, па затоа иницијативата на почесната конзулка во Битола веднаш не заведе. Вечерва ќе гледате дела на македонски уметници од 70-80 години од минатиот век. Утре ќе го одбележиме примирјето на Франциските воени гробишта во Битола со нашите германски пријатели. Пред две години во Општина Битола е поставена репродукцијата на дело посветено на сите жртви во Првата светска војна.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на отворањето на изложбата рече:
-Македонските уметниците дел од својот живот и својата уметност се инспирирале од Париз, а тие се дел од светските уметници кои црпеле дел од тој град. Мене посебно ме радува долгогодишната соработка со Епинал, а толку од таа соработка во холот на Опптина Битола е насликана голема слика, репродукција на делото на еден француски војник кој ја отсикува Битола во времето кога тој престојувал во нашиот град, она што тој го видел во тоа време. Би сакал тие тешки времиња на Битола, за што, токму од Франција е прогласена за град страдалник, да бидат само минато и тоа да не се повтори.
Денес, на Француските воени гробишта во Битола, се одржа традиционалната комеморација по повод Примирјето од 11 ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“. Церемонијата, организирана од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, е посветена на сеќавањето на загинатите, повредените, исчезнатите и прогонетите од сите војни и нации.
Во спомен на паднатите херои, свежо цвеќе положија амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, како и пратеници од Битола, градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Иливеска, и други делегации и гости.
Француските воени гробишта во Битола се меморијален комплекс кој им оддава почит на војниците и сведочи за важноста на Македонскиот фронт во европската историја. Ова место нè потсетува на храброста и жртвите, но и на нашата одговорност да градиме иднина заснована на мир, солидарност и пријателство, инспирирани од лекциите на минатото.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на новата иницијатива за садење 1500 дрвја како дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, кој има за цел да го намали загадувањето на воздухот и да ја подобри животната средина во градот.
Проектот, финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНОПС во соработка со Министерството за животна средина, е насочен кон зголемување на урбаните зелени површини и намалување на емисиите на штетни честички. Дрвјата се внимателно избрани од стручни лица и ќе бидат засадени на локации од посебно значење за жителите, како што се Нова Битола, паркот кај Довлеџик, Градскиот парк и влезот во Битола од страната на Прилеп.
„Со овој проект даваме значителен придонес во намалувањето на загадувањето на воздухот, кое е еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми,“ изјави Коњановски. „Садниците не само што ќе ја разладат урбаната средина, туку и ќе произведуваат кислород и ќе ја подобруваат благосостојбата на заедницата.“
Во рамките на денешната акција за садење дрвја во Градскиот парк, на која присуствуваа и амбасадорите на Германија и Франција, беше потпишан и Меморандум за разбирање помеѓу Општина Битола и УНОПС. Овој Меморандум, покрај садењето дрвја, предвидува активности за намалување на загадувањето од системите за греење на јавни објекти, со што ќе се користат почисти извори на енергија.
Проектот „ЕУ за чист воздух“ со буџет од 10 милиони евра работи на намалување на штетните емисии и вклучува иницијативи како модернизација на системите за греење, воведување на еколошки јавен транспорт и подобрување на мониторингот на квалитетот на воздухот во повеќе градови.