Connect with us

Инфо +

Апокалиптични слики од Чешка по изненадувачкото ТОРНАДО – луѓето одат по урнатини (Фото+Видео)

Чешка сè уште се опоравува од катастрофалното торнадо што го сруши половина село Хрушки, во регионот Бжецлав, во четвртокот вечерта, а големи штети беа направени во Ходонин, Лузатија, Микулчице и Моравска Нова Вес. Повеќе од 200 лица беа повредени, а чешките портали јавуваат дека најмалку три лица го изгубиле животот. Пожарникарите и Брзата помош се уште ја пребаруваат целата област во потрага по повредени заглавени под урнатините.

Жител на Ходонин изјави дека торнадото се појавило одеднаш.

– Никогаш во животот не сум бил толку исплашен. Изгледаше како да гледам торнада во Америка, куќи без покрив, откорнати дрвја … Сè се случи неочекувано. Удри гром и само одеднаш се формираше торнадо пред нашата куќа. Буквално одеше кон нас. Успеавме да се скриеме под масата и по 15 минути можевме само да видиме како останаа урнатини – изјави жителот на Мартин Кужаба за Блеск.

Прогласен беше трет степен на опасност во областа погодена од торнадото. Во Ходонин, торнадото го однесе покривот на спортска сала и го оштети атлетскиот стадион. Досега најголема штета претрпе селото Хрушки. Торнадото помина среде село и  буквално срамни со земја сѐ што му се најде на патот. Црквите се уништени, превртени автомобили има насекаде, како и стотици дрвја кои се срушени или искоренети од силниот ветер, а според чешката телевизија, седум градови претрпеле значителна штета проценета на стотици милиони евра.

Утрото потоа, жителите сѐ уште беа во шок, известува Блеск, шетајќи низ урнатините од своите домови обидувајќи се да спасат некои остатоци. Најмалку 120.000 луѓе сѐ уште се без струја.

– Барем не умрев. Да бев на горниот кат, немаше да преживеам. Треба само да останам смирен и да спасам што можам – рече еден жител, чија куќа беше сериозно оштетена.

SCARY Tornado in Hodonin, Czech Republic - Jun. 24, 2021 tornádo v Hodoníně  - YouTube

Ветриштата што дуваа достигнаа брзина од 267 до 322 км на час, што е најсилниот ветер регистриран во Чешка во модерната историја и првото торнадо од 2018 година.

Свет

Зеленски: САД и други партнери да не вршат притисок за избори во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека Украина не може да поднесе притисок околу одржувањето избори во моментот и ги повика партнерите, вклучително и САД, да не инсистираат на ова прашање.

Во видео обраќање, Зеленски изјави дека водел „важна дискусија“ со пратениците во парламентот за правните и безбедносните аспекти на изборите и дека секој притисок од странство во оваа фаза не е пожелна опција. „Тоа не е лесно, но притисокот по ова прашање дефинитивно не е она што ни треба“, нагласи тој.

Зеленски посочи дека Украина е подготвена да организира избори во рок од три месеци, но само доколку се обезбеди безбедноста на гласачите, со помош на САД и другите сојузници. Тој реагираше и на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека украинската влада го користи војниот конфликт како оправдување за одложување на изборите.

Иако законски изборите се забранети за време на војна, Зеленски се соочува со дополнителен притисок од странство, додека Русија продолжува со воздушни напади, а милиони Украинци се раселени и речиси еден милион војници е распоредено на фронтот.

Continue Reading

Свет

Руските сили се сè поблиску до Доњецк, но постарите Украинци не сакаат да ги напуштат своите домови

97-годишната Катерина Ломова од Добропоље, Донецка област, одбива да го напушти својот дом и покрај тоа што руските сили се приближуваат и секојдневно го гаѓаат регионот со артилерија, бомби и дронови. Нейната решителност ја симболизира судбината на многу постари жители кои се држат до своите домови, иако се изложени на голема опасност.

Екипата на спасувачи „Бел ангел“ редовно патролира низ областа, обидувајќи се да ги убедат жителите да се евакуираат. Главната патека е заштитена со мрежи против дронови, додека изгорени автомобили и уништени куќи сведочат за разурнувањата. Некои жители се подготвени да заминат, додека други, како Ломова, остануваат непоколебливи.

„Не, не – не сакам да одам сега. Можеби подоцна, но не сега“, вели Ломова, додека нејзината роднина од Шпанија се обидува да ја убеди преку видеоповик. И покрај можноста за безбеден транспорт до Краматорск и подоцна до Павлодар, таа останува во својот дом.

Според извештаите, некои семејства кои веќе биле евакуирани подоцна се вратиле во своите оштетени куќи, ризикувајќи ги животите на себе и на децата. Генадиј Јудин од „Бел ангел“ предупредува дека постарите лица често не ја сфаќаат целосно опасноста и со тоа ја загрозуваат сопствената безбедност.

Во меѓувреме, руските сили продолжуваат со засилено напредување во Донбас, додека украинските жители, како Ломова, се држат до единственото што им останало – својот дом.

Continue Reading

Свет

Украина изведе масовен удар врз Русија

Украина изврши масовен дронски напад насочен кон Москва и повеќе региони во западна Русија, јавуваат извори.

Големи групи дронови биле лансирани истовремено, а нивните траектории покажуваат удари длабоко во територијата околу руската престолнина.

Овој напад се смета за една од најобемните операции со долги дострелни беспилотни летала од почетокот на војната, насочен кон важни инфраструктурни и логистички цели.

Засега нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Извор: @sentdefender

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг