На Македонка во Тетово не и издале еднојазичен документ, Македонците биле под 20% во општината

Дали Македонците во Тетово не можат да ги добијат потребните документи на македонски јазик?

Според документите објавени од порталот мкд.мк, Македонка од Тетово обидувајќи се да извади уверение, добила одговор дека согласно протоколот граѓаните не можат да добијат документ само на македонски јазик бидејќи македонската заедница во Општината била под 20%, односно истиот мора да биде двојазичен,по што истата била приморана да патува до Скопје каде го подигнала документот на македонски јазик.

Случајот стигнал и до Управата за водење матични книги од каде велат дека станува збор за недоразбирање помеѓу странката и вработените во Општината и остро ги демантираат објавите дека не се издаваат документи на македонски јазик.

-Двојазични образци во Тетово или било кое друго место се даваат само на лица кои имаат потреба од таков образец, затоа што самиот систем каде поднесуваат странките барања е направен за кога ќе внесат електронско барање тие самите одбираат каков тип на образец сакаат. Доколку странката се обрати во својот образец и побара да добие основен тип на образец односно македонски, системот не може да направи да и се издаде двојазичен образец,вели Јасна Пецевска од Управата за водење на матични книги.

Согласно Законската легислатива матичните книги се водат на македонски јазик и кирилско писмо, а во подрачјата каде 20% од граѓаните говорат на службен јазик различен од македонскиот истите се печатат на македонски јазик и на службениот јазик што го употребува граѓанинот.

-Во Тетово бидејќи влегува во Град кој има над, се смета за место каде што живеат малцинствата кои се над 20% за разлика од останатите, постојат двојазични книги на родени, венчани и умрени. Документот како документ за слободна брачна состојба се издава само на македонски јазик… тој било каде во Македонија без разлика на Законот за употреба на јазиците тој се издава само на македонски јазик.вели УВМК Јасна Пецевска.

Според последниот попис спроведен во 2002 Општина Тетово брои 86.580 жители. Од нив 18,555 се изјасниле како Македонци односно 35.07% од вкупниот број жители.

Прилог на канал 5 телевизија:

YouTube video player