Connect with us

Инфо +

Усвоен нов Пpoтокол: Од 1-ви јули свадби на затворено 👰🤵

Published

on

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година. На предлог на Комисијата за заразби болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Ова е дополнително олабавување на мерките откако бројките на нови случаи со коронавирус во последниот период во земјава драстично паднаа.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Најдоброто допрва доаѓа!

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, одржа отчет пред над 1000 граѓани, нагласувајќи ги успесите и заложбите во текот на неговите три години мандат.

„Ова е историски момент! Благодарност до сите што веруваа и останаа со нас во оваа мисија. Вашата поддршка е нашата најголема инспирација,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на својот тим, на Советот на Општина Кисела Вода и на сите советници кои, како што рече, покажале конструктивност и соработка надвор од партиските рамки. Посебна благодарност упати до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за нивната поддршка во реализацијата на клучни проекти.

„Најдоброто допрва доаѓа! И за Пржино, Црниче, Бирарија, Драчево и сите населби на Кисела Вода. Овие три години се само почеток, а заедно ќе ја изградиме иднината која сите ја заслужуваме,“ порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски заврши со силна порака за заедништво и посветеност, истакнувајќи дека граѓаните остануваат главен фокус и водич за идните успеси на општината.

Continue Reading

Балкан

Фицо од Србија: Никогаш нема да ве изневериме за Косово

Published

on

„Ја почитуваме територијалната интегритет на Србија, а во однос на Косово*, никогаш нема да ве изневериме.“ — Роберт Фицо, премиер на Словачка

Словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна во Србија на официјална посета, каде што беше пречекан од српскиот премиер Милош Вучевиќ. Двајцата лидери разговараа за зајакнување на билатералните односи и меѓусебната соработка.

Во рамките на посетата, Фицо се сретна и со српскиот претседател Александар Вучиќ во Палатата на Србија.

https://x.com/nationalindnews/status/1859560846671679546?s=46&t=vTyGSpkk2_wOQuFz-saisg

Continue Reading

Македонија

Грците доаѓаат на грчко гиро во Битола

Published

on

БИТОЛА – Иако звучи по малку парадоксално, но Грците од северот на нивната држава веќе доаѓаат на грчко гиро во Битола. Познат угостител од Лерин, кај кого битолчани чекаат редици за да јадат гиро и други грчки специјалитети кога одеа на шопинг или прошетка во Лерин, сега отвори свој угостителски дуќан во новиот трговски центар „Блис“ на излезот од Битола на страната кон Прилеп, објави nezavisen.mk

Грците од Лерин, Кајлари, Костур, Кожани, Воден кои се оддалечени околу стотина километри од Битола нагрнаа на пазарување во трговскиот центар и на веќе испробано грчко гиро кај угостителот Павле, ама сега во Битола. Наскоро и втор угостител од Лерин која има кафетерија во Лерин покрај реката Сакулева (Јелешка река), го отвора своето кафуле во молот со брендирано кафе. 

Отворањето на новиот трговски центар во Битола ги менува трговските и економски прилики на градот.  Изградбата на трговскиот центар и до него новиот маркет на „Лидл“ кој треба наскоро да биде отворен, како и изградбата на втор трговски центар во градот во поранешната касарна веќе крои нова слика за Битола.

„Често во сабота доаѓаме во Битола на пазарување во чаршија и на главната улица, но сега стана поинтересно со новиот трговски центар каде може да се купи брендирана стока. Убаво е што тука го има и нашиот специјалитет – гиро, па не мора да одиме в град за да ручаме. Ме радува што гледам дека најголемата гужва е пред грчкото гиро, тоа значи доверба. Наскоро ќе пиеме и грчко кафе во Битола“, вели жителка на Лерин, која се претстави како Вула.

Новиот трговски центар во Битола е приватна инвестиција и во него веќе се сместија повеќе брендови присутни во големите молови во Скопје. Ова за битолчани и жителите од околните градови како Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Кичево… е нов момент во пазарењето и можност да го скратат патувањето и трошоците за гориво и патарина до Скопје. Пазарџиите велат Скопје и Солун се далеку, ама пак затоа Битола е блиску.  

„Ние сме прилепчани, одевме до Скопје за брендирана роба или поретко до Солун, ама како велат до ‘Солуна сто сомуна’, овде во Битола ни е блиску, а има сѐ. Доаѓаме после работа и не мора да губиме цел ден во Скопје“, вели Рубин од Прилеп.

Она што посетителите на новиот трговски комплекс го сметаат за нерешен проблем е немањето доволно паркинг места, па автомобилите често ги паркираат и на несоодветни места по околните улици. Инфраструктурата се уредува од ден на ден.

Општина Битола изгради нова улица за потребите на комплексот „Блис“ и „Лидл“ што вклучи изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациска мрежа.  

„Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек. Изведувач на градежните работи е фирмата ‘Стентон градба’, а вредноста е во висина од 18,8 милиони денари“, соопштија од општина Битола.

Општина Битола по повеќе од 20 години веќе започна постапка за нов генерален урбанистички план на градот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк