(Видео) Црвенковски го зakопа Плевнелиев говорејќи српски

Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија, зборуваше на вчерашниот форум за Западен Балкан во Сараево. Тој потсети дека секоја земја од Западен Балкан има поставено стратешка цел – членство во Европската унија.

Тој потсети дека земјата дури го смени и името, но рече дека процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е забавен, или како што вели тој, практично запрен. Затоа, тој се прашуваше кои се намерите на европските земји и посочи дека некои земји го блокираат пристапот на нови членки.

„Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи. Да не бидам погрешно разбран, јас не ги одбирам Истокот или Далечниот исток како алтернатива“, рече Црвенковски, објаснувајќи дека земјите од регионот треба да „се европеизираат со свои капацитети“.

Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна од 41- 45та со оружје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на вето за носење одлуки. Мене ми е ставот на Бугарсија потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ, изјави Црвенковски.

Тој жестоко реагираше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој ги повтори познатати тези за македонскиот народ и јазик како титова творевина.

– Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене кои што биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин.

Значи никој, јас барем никого не знам и нема успеано во историјата на вештачки начин да креира нова нација. Имало обиди, но ниту еден успешен, изјави Црвенковски.

Погледнете: