Видео од кавгата меѓу Вучиќ и Јеремиќ!

Малку недостасувало договорената средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и опозиционерот Вук Јеремиќ да прерасне во физичка пресметка, и тоа во претседателската вила. На снимката која кружи по социјалните мрежи може да се види целата расправија помеѓу Вучиќ и Јеремиќ.

На почетокот од видеото Јеремиќ му вели на Вучиќ дека е крадец, предавник и кукавица, а потоа го повикува на физичка пресметка.

Јеремиќ: Излези. Дали сакаш да излеземе заедно?
Вучиќ: Ајде да излеземе! Ајде!

Вучиќ: Сакаш тука напред да излеземе?

Јеремиќ: Ти си претседател! Ајде! Дали сакаш да излезам?

Вучиќ: Каде сакате! Каде сакате!

Во тој момент обезбедувањето го предупредува Вучиќ дека не е паметно да излегуваат надвор затоа што сè се емитува во живо. Во исто време Јеремиќ дофрлува „Ајде, Ајде“…

YouTube video player