Connect with us

Инфо +

Мерката на Владата за отпис на дoлгови може да се смета за пoтkуп, вели Бајрами

Published

on

Нури Бајрами, Членот на Антикopупциската комисија, вели дека мерката на Владата за отпис на каматите на долгови е пpoблем и може да се смета за потkуп, пренесува прес24.

Тој во гостувањето на ТВ 24 рече дека ваквата пракса секогаш се повторува пред избopи.

Дури и без таа да е намерата. Објективно, не е во ред бидејќи добро треба да се поткрепи кои категории, односно на јавноста мора да и е јасно што се постигнува со тоа.

И затоа пред секои избopи се повторуваат ваквите работи што според мене, едноставно, значи потkуп. Ништо друго, рече Бајрами. ИзворПрес24.

Македонија

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, едно лице загина

Published

on

Доцна вечерва на скопската обиколница, во близина на Стајковци, се случила тешка сообраќајна несреќа, дознава 4NEWS.mk.

Според првичните неофицијални информации, едно лице го загубило животот.

Во моментов, сообраќајот на овој дел од обиколницата се одвива отежнато поради активностите на надлежните органи.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Во текот на новогодишната ноќ беа регистрирани повеќе сообраќајни несреќи, но за среќа, без жртви.

Continue Reading

Македонија

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски

Published

on

Во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце, најави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.

Во неговите очекувања на економски план рече дека почнатите инфраструктурни проекти во 2025 ќе бидат со засилена динамика или завршени и дека во меѓувреме ќе се развиваат нови проекти.

Повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид да биде пуштена и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи. На крајот на 2026 година се очекува да се пушти целата автопатска делница. 

Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.

– Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште – ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски.

Тој истакна дека очекува поуспешна година на економски план, со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, буџетски дефицит под 4 проценти и инвестиции од над милијарда евра.

Continue Reading

Скопје

Апсење во Скопје

Published

on

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје.

-Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4641 пиротехнички средства, велат од МВР.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк