Connect with us

Инфо +

Mислете му ја: МВР набави нови 50 лacepcки paдapи – ќе ги има насекаде

Во Министерството за внатрешни работи денеска беа промовирани новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.

Досега Министерството за внатрешни работи располагаше со само 5 радари што можеа да мерат брзина во ноќни услови. Набавката на нови 50 уреди значи дека полицијата ќе „лови“ брзи возачи и ноќно време, практично, низ целата држава.

Набавката, информира МВР, вредна 21.257.175 денари е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција.

-Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи, истакна министерот Оливер Спасовски.

Спасовски изрази уверување дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што пак како што рече, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата.

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Балкан

Косово доби моќно оружје

Косово го примило германскиот противтенковски систем „Панцерфауст 3“ како дел од билатералната безбедносна соработка, објавија косовските медиуми. Испораката има за цел зајакнување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС) и нивна постепена модернизација во согласност со стандардите на евроатлантските партнери.

Косовските власти потенцираат дека системот ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука. „Панцерфауст 3“ е еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии. Договорот со Германија се оценува како дополнителен доказ за поддршката на Берлин за стабилноста и безбедноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг