Connect with us

Инфо +

Ќе фабрикува нови 70,000 вештачки доделени државјанства на странци… Заев, друже, ИГРАШЕ ALL-IN И ИЗГУБИ, ДОСТА Е ВЕЌЕ

Published

on

Додека го распродава македонскиот јазик на Бугарите, Заев е свесен дека ги губи Локалните избори и дека Македонци веќе не го гласаат. Затоа, додека мудрува на „Преспа Дијалогот“ во Отешево, позади сцената утре сака да го ПPOШВЕРЦУВА контpoверзниот Закон за државјанствата, со кој ќе фабрификува нови 70.000 вештачки доделени дpжавјанства на странци (идни гласачи), за нов етно-инженеринг на населението – во пресрет на фалcификуваниот Попис 2021. p.s. Заев, друже, играше all-in и изгуби! Доста е веќе! Вразуми се додека е време и отстапи. Доволно штета и направи на Републиката. #НемаДаВиПомине – напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчеравечер по повод одржување на Форумот за преспанскиот договор.

Европа

Министерката за надворешни работи на Германија: “Путин се преправа”

Published

on

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, изјави денеска дека САД не треба да веруваат во “тактиката на одолговлекување” на рускиот претседател Владимир Путин кога станува збор за примирје во Украина.

“На предстоечкиот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, јасно ќе им ставиме до знаење на американската страна дека не треба да се занимаваат со тактиката на одолговлекување од страна на Путин”, рече таа во Киев.

Таа нагласи дека Путин “се прави” дека е подготвен за преговори, но дека не се поместува ни за милиметар од позицијата на која се наоѓа, пренесува Ројтерс.

Бербок додаде дека сега е уште поважно безусловно да се поддржи Украина, бидејќи преговорите помеѓу Русија и Соединетите Држави се во “ќорсокак”.

Continue Reading

Свет

Русија го одби предлогот на американскиот претседател: Путин постави нови услови

Published

on

Русија вели дека сериозно ги разгледува предлозите на САД за завршување на војната во Украина, но дека „не може да го прифати“ сегашниот мировен договор на претседателот Доналд Трамп и постави нов сет барања.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва сака САД да ги земат во предвид она што ги смета за основните причини на конфликтот.

„Ние сериозно ги разгледуваме моделите и решенијата што ги предложија Американците, но не можеме да ги прифатиме сите во сегашната форма“, изјави Рјабков за списанието „Интернешнл аферс“.

„Колку што гледаме, денес во нив нема место за нашето главно барање, а тоа е да се решат проблемите во врска со основните причини на овој конфликт“, рече тој. „Тоа целосно недостасува и мора да се надмине“, додаде Рјабков.

Трамп, во неделата, го „критикуваше“ рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи фрустрација поради продолжувањето на борбите во војната, која што ја најави како нешто што ќе заврши брзо.

Трамп инсистираше на тоа дека има напредок во преговорите, но рече дека ќе разгледа воведување дополнителни санкции за да изврши притисокот врз Москва.

Тој исто така го обвини Зеленски дека се обидува да се откаже од договорот со САД за пристап до украинските минерални ресурси.

Continue Reading

Свет

“Масовни кремирања, луѓето клечат на улица и плачат, децата не сакаат да се вратат дома”: Страшни сведоштва од Мјанмар

Published

on

Во Мјанмар, надежите за пронаоѓање преживеани по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени почнуваат да избледуваат. Спасувачите продолжуваат со масовните напори, но земјата е обземена со мирис на смрт, а на сила е седумдневна национална жалост поради потврдените речиси 2.800 загинати.

Прелиминарните извештаи укажуваат дека помина критичниот период од 72 часа, што значи дека шансите за пронаоѓање преживеани се значително намалени. Американскиот геолошки институт посочува дека бројот на жртви може да се зголеми.

„Телата на загинатите во Мандалај мораа масовно да бидат кремирани“, изјави за Би-Би-Си студент од населбата Махаунгмјај. Ј, 20-годишна девојка која ја загубила својата тетка во земјотресот, ја сподели трагичната приказна за тоа како нејзиното тело било извлечено два дена подоцна.

Преживеаните се во очај, многумина се наоѓаат во ужасни услови. „Децата не сакаат да се вратат во своите домови. Речиси сите во градот спијат на улиците, надевајќи се дека ќе биде безбедно кога земјата ќе престане да се тресе“, вели таа.

Потоа додава дека помошта бавно пристигнува, но спасувачките тимови се исцрпени по неколку дена работа без престан. Недостатокот на ресурси и обемот на уништувањето го отежнуваат процесот на помош.

Градот, според новинар на Би-Би-Си, кој е на терен, е во потполен мрак бидејќи нема струја и вода за пиење. Исто така, интернетот не функционира, а луѓето се плашат да спијат во своите домови.

„Чувствувавме дека не е безбедно да останеме во хотелот и побаравме засолниште во манастир. Кога се вративме утрото, Мандалај беше целосно урнат“, додава новинарот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк