Приказната за дедото кој „купил“ млада невеста, има 12 ќерки и 36 внуци

Во куќата на Фазли Реџепи постојано излегуваа и доаѓаа гости да честитаат затоа што после 14 девојчиња му се родило машко дете и тоа на 71 година.

Договорените бракови помеѓу Албанците датираат уште од многу одамна, но приказната за овој човек е навистина неверојатна. Реџеп Кастрати од село во Призрен, кога наполнил 61 година, решил повторно да се ожени во 2013 година. Купил млада Албанка и на локалните медиуми изјавил дека за сопругата дал 3000 евра.

Сепак, очекувал како што вели, жена од 35 години, а му дале девојче од 19 години.

Оваа приказна е интересна, затоа што овој дедо со сопругата која му починала во 1980 година има 12 ќерки, а не сакал девојчињата да ги остави без ниеден брат, па решил повторно да се жени.

Десет негови ќерки се мажени, тие имаат 36 деца, значи дедото има 36 внуци само.

Желбата му се исполника со новата сопруга Валентина, со која го добил првиот син и го нарекле Дијамант, кој сега би требало да има 8 години.