Connect with us

Инфо +

(Видео) Xaoc во Грузија: ЛГБТ зaeдницата пpeтепана по обидот за одржување на гej пapaда

Published

on

ЛГБТ+ активистите во Грузија денеска ја откажаа парадата на гордоста откако нивните противници ја нападнаа нивната канцеларија во Тбилиси, како и некои активисти и новинари.

Активистите во четвртокот почнаа петдневна прослава на правата на ЛГБТ+ и планираа денеска да одржат „Парада за достоинството“ во центарот на Тбилиси, отфрлајќи ги критиките од црквата и конзервативците кои сметаат дека за тоа нема место во нивната земја.

Но, планови ги спречија нивните противници кои ја нападнаа канцеларијата на организаторот и од зградата го отстранија знамето со боите на виножито.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа и новинар со крвава уста и маж на скутер кој се залетал во новинарите на улица, јавија локалните медиуми.

Свет

Апокалиптични слики по катастрофални поплави во Италија: Едно лице загина, две се водат како исчезнати – целосен хаос во Италија

Published

on

Катастрофални поплави во Италија: Едно лице загина, две се водат како исчезнати

Обилните врнежи од дожд предизвикаа катастрофални поплави во делови од Италија, при што најмалку едно лице го загуби животот, а две се водат како исчезнати.

Жртвата е 92-годишен маж кој останал заробен во својата куќа погодена од надојдените води. Поплавите активираа повеќе свлечишта и одрони, а бројни реки излегоа од своите корита.

Во регионот Пијемонте е прогласен портокалов метео аларм, а иако денеска се очекува благо подобрување на временските услови, метеоролозите предупредуваат на нов бран врнежи по Велигден.

Во областа Виченца, спасувачките служби интензивно трагаат по две исчезнати лица – татко и син – чие возило било однесено од надојдената река Ањо.

Автопатот А5 Торино-Аоста е затворен поради нагло зголемување на нивото на реката Дора Балтеа. Во Долината Аоста, тунелот Гран Сан Бернардо е затворен поради снежни врнежи, додека во Ломбардија реката Сезија се излеа, предизвикувајќи поплави во провинцијата Павија.

Во Милано, градските власти беа принудени да ги затворат сите јавни паркови поради силниот ветер и дожд, а во Рим, противпожарната служба интервенирала повеќе од 100 пати поради урагански ветрови кои уриваа дрвја и кршеа гранки.

Continue Reading

Свет

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Јапонија – епицентарот на островот Хоншу

Јапонија денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните информации, епицентарот на потресот се наоѓал на островот Хоншу.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 13 километри под површината на земјата.

Во моментов нема пријавени информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата и остануваат во состојба на подготвеност доколку има потреба од интервенција.

Continue Reading

Свет

Нов скандал со украинскиот претседател? Како ќе реагира Трамп после изјавата на Зеленски?

Published

on

Зеленски остро против Виткоф: „Нема мандат да зборува за украинска територија“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, нема овластување да преговара со Русија во име на Украина, особено кога станува збор за територијалниот суверенитет и областите што се моментално под руска контрола.

– Денес зборуваме единствено за безусловен прекин на огнот. Сè додека тоа не се случи, темата за териториите не е на маса – изјави Зеленски на прес-конференција.

„Црвените линии се јасни“

Зеленски повтори дека за Украина „црвените линии“ се одамна поставени и нема отстапување од нив. Според него, Киев никогаш нема да прифати легитимизација на било која „привремено окупирана територија како руска“.

Обвинувања за пренесување на руски наративи

Претседателот остро реагираше и на последните изјави на Виткоф, обвинувајќи го дека го презема реторичкиот пристап на Москва.

– Тоа е сериозен проблем. Без разлика дали го прави тоа свесно или не, Виткоф ја шири руската стратегија. Наместо да помогне во решавање на конфликтот, тој само го комплицира – изјави Зеленски.

„Нема право да дискутира за украинска земја“

Зеленски беше дециден дека Виткоф не е овластен да зборува за териториите на Украина.

– Тие области ѝ припаѓаат на нашата земја, на нашиот народ – не само на денешните Украинци, туку и на идните генерации. Искрено, не разбирам на што се повикува. Сето тоа што го слушнавме звучи како повторување на зборовите на Путин – додаде тој.

Во својата изјава Зеленски изрази загриженост што, како што рече, сè уште има поединци во цивилизираниот свет кои продолжуваат да пренесуваат и оправдуваат руски наративи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк