Connect with us

Инфо +

Апасиев: Без црвени линии ќе станеме Курди на Балканот, без своја држава

Aко се смилува монархот Талат Џафери и ја стави на дневен ред Декларацијата на Левица, тие ќе очекуваат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, па оттаму и Левица ќе ја поддржи Резолуцијата за „црвените линии“ во спорот со Бугарија предложена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“.

За нас црвените линии се унитарноста на Македонија, вели Апасиев.

„Значи да не се разговара за некаква идна федерализција или кантонизација.  Секуларноста, тоа значи да се зауздаат верските заедници кои почнуваат да доминираат, следно е територијалниот интегритет да се гарантира, потоа идентитетот да се гарантира, значи име, јазик, култура и инсигниите, односно државното знаме, грб и химна. Ова е НЗС, зад кој што секоја македонска партија мора да го стави својот потпис, бидејќи во спротивно ние за неколку децении од сега ќе немаме држава, односно ќе бидеме Курди на Балканот“, вели Апасиев.

Тој смета дека премиерот Зоран Заев и неговиоте слаби дипломати ги предизвикаа проблемите со Бугарија. Апасиев вели дека мора да се поништи Преспанскиот договор, а преговорите со Бугарија да се напуштат.

„Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија. Во преговорите на маса се идентитетските одредници и затоа, потребна е резолуција за црвените линии. Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија…“, рече Апасиев.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг