Connect with us

Инфо +

18 годишниот возач кој ја прегази Верица на пешачки премин доби само 15 месеци затвор!

Published

on

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.

Свет

Трамп за предизборното ветување: „Се шегував“

Published

on

Трамп ја објасни својата изјава за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп го објасни своето често повторувано тврдење од предизборната кампања, според кое тој би можел да ја заврши војната во Украина веќе првиот ден по неговото враќање во Овалната соба. Трамп изјави дека оваа изјава всушност била изречена фигуративно и како претерување, во обид да ја нагласи својата позиција.

Во интервју за угледното списание „Тајм“, Трамп рече: „Го кажав тоа фигуративно, како претерување… за да истакнам нешто. Очигледно луѓето знаат дека тоа беше шега, но исто така беше и сигнал дека војната може да се заврши.“

Оваа изјава следува по неодамнешните предупредувања од Белата куќа дека Трамп е „фрустриран“ со текот на преговорите за завршување на конфликтот и дека неговото „трпение многу брзо истекува“.

Во текот на последните неколку дена, Трамп упати апели до украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин, барајќи од нив да ја прекинат војната. Тој исто така предупреди дека може да се повлече од медијацијата ако некоја од страните „го отежнува постигнувањето договор“.

Continue Reading

Свет

Само еден збор: Вака изгледа надгробниот споменик на папата Франциск, има посебна симболика [ФОТО]

Published

on

Светот се простува со папата Франциск

Рим – Папата Франциск ќе биде погребан денес во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, една од петте големи папски базилики, каде ќе биде пренесено неговото тело од базиликата Свети Петар. Ова ќе биде последно збогување со поглаварот на Римокатоличката црква.

Поворката, составена од верници, свештени лица, како и шефови на држави, ќе се собере денес во 10 часот на Плоштадот Свети Петар. Таму ќе се одржи и миса за покој на душата на папата Франциск.

Од Ватикан информираат дека во првите редови ќе бидат поставени високи претставници од Аргентина, татковината на папата, и од Италија, додека останатите светски лидери ќе бидат распоредени според францускиот азбучен ред.

Надгробна плоча со едноставна порака: „Franciscus“

На социјалните мрежи беше објавена фотографија од внатрешноста на базиликата Санта Марија Маџоре, каде што веќе е подготвен гробот на папата.

Надгробниот споменик е изработен од бел мермер од Лигурија – родниот крај на неговите баба и дедо. На плочата стои испишано само едно име: „Franciscus“ – во духот на неговата скромност и посветеност на верата.

Гробот е сместен во близина на олтарот на свети Франциско Асишки, чиј пат го следеше и самиот папа.

Приватна церемонија и молитва во чест на папата

Погребот на папата ќе биде приватен обред, без присуство на пошироката јавност. Вчера, во 20 часот, ковчегот беше запечатен за време на литургиски обред во базиликата Свети Петар. Со тоа официјално ќе заврши јавната изложба на неговото тело.

Вчера, во 21 часот, литванскиот кардинал Роландас Макрицкас ја предводеше и традиционалната молитва за време на болка, жалост и смрт пред базиликата каде ќе почива папата.

Девет дена молитви и нова конклава

По погребот, ќе следуваат девет дена жалост, за време на кои ќе се одржуваат мисии и молитви во негова чест. По завршувањето на тој период, Ватикан ќе свика конклава на која ќе биде избран нов поглавар на Римокатоличката црква.

Continue Reading

Свет

Путин има план: Што ќе се случи со украинците кои ќе останат во окупираните подрачја?

Published

on

Русија започна најголемата мобилизација во последните 14 години, со цел да ја зголеми бројноста на својата армија на 1,5 милиони војници до 2026 година.

Претседателот Владимир Путин потпиша декрет кој предвидува регрутирање на 160.000 мажи на возраст од 18 до 30 години во периодот од 1 април до 15 јули 2025 година. ​

Иако Министерството за одбрана на Русија тврди дека оваа мобилизација не е поврзана со војната против Украина, извештаите укажуваат на присилна регрутација на мажи од окупираните украински територии, вклучувајќи ги Донбас, Запорожје, Херсон и Крим. Според податоци на Украинската источно-европска група за човекови права (EHRG), најмалку 300 лица од овие региони биле регрутирани во есента 2024 година. ​

Многумина од овие мажи се соочуваат со ограничени опции: оние кои не прифаќаат руски документи за идентитет се соочуваат со тешкотии во секојдневниот живот, како што се неможноста за купување на мобилни сим картички или пристап до образовни институции. Оние кои се согласуваат да служат во руската војска често се подложени на притисок и понуди за високи плати, но со ограничени можности за избор на локацијата на нивната служба.​

Павел Лисјански, украински активист за човекови права, истакнува дека многумина од овие регрути се испраќаат на фронтот по основната обука, понекогаш под притисок или поради недостаток на други опции. Некои успеваат да избегнат фронт, но тоа е ретко и најчесто се случува со помош на мито или врски.​

Одбивањето на воената служба во Русија може да резултира со затворска казна до две години. Според информации на организациите за човекови права, само на Крим се покренати најмалку 583 кривични постапки за оваа причина. Меѓутоа, извештаите укажуваат на тоа дека во првата половина на 2024 година, никој од обвинетите не добил затворска казна, туку биле изречени условни казни или парични глоби.​

Оваа мобилизација и присилна регрутација на окупираните територии продолжуваат да предизвикуваат загриженост за човековите права и безбедноста на цивилите во овие региони.​

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк