Што се случува во Гевгелија !?50 БЕБИЊА И ДЕЦА ПОБАРАЛЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ за респираторни инфекции…

Министерството за здравство ја информира јавноста дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

– Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 -тина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана, велат од Министерството за здравство.

Тим од Клиниката за детски болести од Скопје денеска во Гевгелија заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле педесеттина деца и бебиња. Тестовите за Ковид-19 кај децата биле негативни, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека сè уште нема информации ниту детали за тоа за каква инфекција се работи и од што е таа предизвикана.

-Ваков тип на инфекции не се карактеристични за летниот период, туку за есен, и затоа ќе се испитува што ги предизвикало, истака Филипче одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Според информациите со кои тој располага вакви случаи не се пријавени во други градови во земјава.