Кога имав 7 години го правев овој трофеј од обични материјали, денеска го држам шестиот пехар од Вимблдон🏆(Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето по шести пат на Вимблдон го подари рекетот на едно мало девојче и даде изјава:

„Најпрво му честитам на Матео, неговото семејство и тим. Ова беше тежок меч, но сигурен сум дека пред него е голема кариера. Да се победи на Вимблдон е остварување на најубавиот сон. Кога имав седум години го правев овој трофеј од материјалите кои ќе ги пронајдев, а денеска стојам со шестиот пехар од Вимблдон, тоа е неверојатно“, рече Ѓоковиќ, a потоа се погрижи едно девојче кое држеше табличка со поддршка за Ноле целиот натпревар, и подари многу убав спомен од натпреварот.