Connect with us

Инфо +

ЗАГИНА 22-ГОДИШНО МОМЧЕ: Брзал да стигне на шампионската прослава за Италија- повредени се и најмалку 15 лица

Едно лице загина во Сицилија за време на прославата по повод европската титула што италијанската фудбалска репрезентација ја освои во неделата по триумфот над Англија во Лондон, објавија денеска локалните медиуми.

Локалната полиција соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне.

За време на шампионското славје низ улиците на Милано, повредени се најмалку 15 лица, од кои тројца потешко.

На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор искористувајќи го метежот предизвикан од прославата.

Локалните медиуми известија дека во оружениот инцидент тешко е повредено шестгодишно девојче, внука на застреланиот маж, кое со тешки повреди е пренесено во болница.

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг