Connect with us

Инфо +

25-годишно момче од Штип си го одзеде животот со бесење

25-годишно момче се обесило кај археолошкиот локалитет Баргала, јавува локалната штипска телевизија Стар.

Телото на момчето го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција.

Како што јавува телевизијата, ова втор случај на самоубиство на млад човеч за само еден месец. Претходно на Плачковица било пронајдено тело на 28-годишник.

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading

Свет

Трамп нареди целосна блокада на венецуелските танкери

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наредува „целосна и сеопфатна“ блокада на сите санкционирани нафтени танкери што пловат кон или од Венецуела, откако владата на претседателот Николас Мадуро ја означи како странска терористичка организација. Во објавата на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го оправда чекорот со обвинувања за кражба на американски средства, шверц со дрога, трговија со луѓе и тероризам.

„Венецуела е целосно опкружена со најголемата армада некогаш собрана во Јужна Америка. Сè додека не ги вратат нашите средства, блокадата ќе остане“, напиша Трамп. Тој додаде дека американските ресурси украдени од венецуелската нафта мора да се вратат во Соединетите Држави и дека Америка нема да дозволи да биде ограбена или загрозена од криминалци и терористи.

Одлуката следува една недела по запленувањето на нафтен танкер покрај брегот на Венецуела. Владата во Каракас го осуди потегот, нарекувајќи го „гротескна закана“, а Мадуро го обвини Вашингтон за киднапирање на екипажот и кражба на бродот. Тој истакна дека Венецуела ќе ја брани својата територија и природните ресурси.

Во меѓувреме, САД го засилија своето воено присуство во Карипското Море, вклучувајќи и позиционирање на најголемиот носач на авиони „УСС Џералд Форд“ во дострел на Венецуела. Новата блокада предизвика реакции и во американската политика; демократот Хоакин Кастро ја оцени како чин на војна и најави резолуција во Конгресот со која ќе се бара прекин на непријателствата со Венецуела.

Continue Reading

Балкан

25 килограми злато и 55 килограми сребро исчезнаа од судско депо

Истанбул – Во депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе исчезнале 25 килограми злато и 55 килограми сребро, чија вкупна вредност се проценува на над 147 милиони турски лири, или околу три милиони евра. Судските службеници на почетокот на месецот забележале дека еден од нивните колеги долго време е отсутен, по што било констатирано недостигот на благото.

Турското обвинителство веднаш започна истрага, при што е утврдено дека главниот осомничен за исчезнувањето заминал за Лондон, во придружба на неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Случајот ја разбуди јавноста во Турција, а властите продолжуваат со напори да ги пронајдат осомничените и да го повратат одземеното злато и сребро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг