Connect with us

Инфо +

Болница во Гостивар доби просторија за МОЛЕЊЕ за вработени и пациенти со муслиманска вероисповест

Вработените во гостиварската болницата, како и пациентите кои и припаѓаат на муслиманската вероисповест ќе може да се молат и да ги изведуваат своите верски обичаи во посебни простории во болницата. Иницијативата дошла од вработените и пациентите, вели директорот на болницата Јакуп Јакупи.

– Станува збор за неискористени простории на петти спрат во болницата и иницијативата е од активисти, граѓани, вработени и пациенти. Иницијативата не е од наша страна, ние не вложуваме ништо, имаше активисти кои го реновираа просторот и тоа ќе биде простор за молитви, каде што ќе можат и пациентите и вработените односно кој сака ќе може да оди, да се помоли и да се врати на работа, изјави Јакупи за ТВ24.

На ова реагираше докторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, којашто прашува дали ова треба да е приоритет на болницата и дали сите останати потреби за лекување на пациентите и за персоналот се задоволени. Дополнително вели останува дилемата дали е оправдано за време на работа да се извршуваат верски ритуали.

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading

Свет

Русија повторно ги таргетира украинските железници – погодени станици кај Киев

Русија ноќеска спроведе масирани ракетни и дрон-напади врз Украина, при што беше погоден железнички јазол во близина на Киев, информира украинската државна компанија „Укрзализница“.

Според соопштението, цел на нападот била железничката инфраструктура:

„Разурнати се станицата Фастив и возен парк на приградските линии. Нема загинати, но сообраќајот е значително нарушен“, наведуваат од компанијата.

Службата за итни ситуации потврди пожар и големи оштетувања на станица и депо во регионот на Киев, а штета е пријавена и во Черниговската област.

Истовремено, во последните недели Русија ги засили нападите врз украинскиот енергетски систем. Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата е погодена во осум области, што предизвика сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Одеската област најмалку 9.500 корисници останале без греење, а околу 34.000 без вода. Екипите работат на итни поправки „каде што безбедносните услови го дозволуваат“.

Continue Reading

Балкан

Евзони денеска со блокади – внимателно планирајте го патувањето кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг