Кој сака нека честита 🎉Каракачанов „победи“ во Македонија со 96 гласови

ВМРО-БНД на поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов не освои ниту едно пратеничко место на повторените избори во Бугарија, според најновите информации, но победи убедливо со 37,21 отсто на гласањето во Македонија.

Сепак станува збор за само 96 гласа, според првичните неофицијални резултати на бугарската Централна изборна комисија.

ГЕРБ на Бојко Борисов освоил 62 гласа, додека „Има таков народ“ на Слави Трифонов има 22 гласа во Македонија.