Connect with us

Инфо +

Ние не сме Република С. Македонија ние сме Република Северна Македонија

Published

on

На новинарско прашање дали СДСМ нема да ја поддржи Резолуцијата доколку не биде усогласено со Уставот во однос на уставното име и ако е точно што не е усогласено со оглед на тоа што никаде не се споменува Република Македонија во Резолуцијата, премиерот Зоран Заев рече дека кој како сака нека каже ние уставно сме Република Северна Македонија.

– Во Резолуцијата треба да стои Северна Македонија и тоа е Устав тоа не е дали ние сакаме, некој не сака или ние не сакаме, па друг сака, изјави премиерот Заев.

 Премиерот нагласи и дека името  е Република Северна Македонија, а не Република С. Македонија.

– Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија, ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните а тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот 2/3. Парламентот во една дискусија од 130 дена три пати гласајќи ја донесе одлуката за ново уставно име, со тоа што на името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба што е закон веќе, а истовремено и дел од нашиот Устав. Така што очекувам да се почитува Уставот од страна на сите коишто се должни да го почитуваат.  

Премиерот додава и дека Законот предвидува казни за непочитувачите на Уставот.

– Според мене непочитувачите на Уставот, ако се граѓаните имаат реперкусии, затоа што Законот предвидува што е казниво и што не е казниво, а политичките партии не е во ред да останат неказнети, односно да не сносат последици, додава премиерот Заев. 

Балкан

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

Published

on

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, денеска ќе ја посети Романија.

Поводот е настан посветен на деловното опкружување, објавуваат романските медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите.

Трамп Помладиот нема планирани средби со романски политичари.

Посетата ќе биде организирана само една недела пред првиот круг од претседателските избори во Романија на 4 мај, забележуваат медиумите.

Романија е дел од источноевропската турнеја на Доналд Трамп Помладиот, во која беа вклучени и Унгарија, Србија и Бугарија.

Минатиот декември, 47-годишниот син на американскиот претседател ја опиша одлуката на Уставниот суд на Романија да го поништи првиот круг од претседателските избори во земјата како „уште еден соросоидно-марксистички обид за манипулирање со резултатот“.

На почетокот на март оваа година, независниот кандидат Виктор Понта објави фотографија на социјалните мрежи со Доналд Трамп Помладиот.

Continue Reading

Свет

Писториус го разоткри Трамп: Неговиот план за Украина значи предавање без борба!

Published

on

– Она што го предлага Трамп Украина можеше да го добие и пред една година. Ова личи на капитулација. Не гледам никаква додадена вредност во тоа, додаде Писториус.

Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи големи територии во замена за прекин на огнот со Русија, бидејќи тоа би било „капитулација“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус вчера за германската јавна телевизија АРД рече дека Киев веројатно е свесен дека за постигнување траен и одржлив прекин на огнот може да биде принуден да се откаже од некои територии.

– Но, тие секако нема да одат толку далеку – или не треба да одат толку далеку – колку што се предвидува во најновиот предлог на американскиот претседател, истакна Писториус, кој најверојатно ќе остане министер за одбрана и во новата германска коалициска влада.

– Она што го предлага Трамп Украина можеше да го добие и пред една година. Ова личи на капитулација. Не гледам никаква додадена вредност во тоа, додаде Писториус.

Трамп минатата недела во интервју за магазинот Тајм изјави дека анектираниот Крим ќе остане под руска контрола како дел од можно мировно решение со Украина.

Continue Reading

Свет

Севернокорејски војници на фронтот во Украина – Путин им оддаде признание!

Published

on

Северна Кореја првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Државната новинска агенција КЦНА објави дека севернокорејската војска им помогнала на руските сили целосно да го ослободат рускиот регион Курск, каде што Украинците упаднаа во август минатата година, заземајќи стотина населени места.

Објавата на Пјонгјанг дојде неколку дена откако шефот на руската војска Валери Герасимов го пофали херојството на севернокорејските војници, што беше прво признание дека тие се вклучиле во војната против Украина.

Украински и западни функционери веруваат дека Северна Кореја испратила околу 11.000 војници во Русија, од кои најмалку илјада загинале во изминатите три месеци. 

Владимир Путин денеска им се заблагодари на севернокорејските војници за учество во борбите против Украина во Курск. Русија тврди дека сега во целост го контролира Курск.

Во соопштение објавено од Кремљ, Путин ги поздрави „херојството, високото ниво на специјална обука и посветеноста на севернокорејските борци, кои, рамо до рамо со руските војници, ја бранеа нашата татковина како своја“.

КЦНА објави дека распоредувањето на севернокорејските трупи било во согласност со договорот за заемна одбрана, што лани го потпишаа Русија и Северна Кореја, додавајќи дека Пјонгјанг е спремен повторно да ѝ помогне на руската војска. Засега нема информации дали Севернокорејците ќе се вратат дома по завршувањето на нивната мисија во Курск.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк