Connect with us

Инфо +

СрушиВме правна држава со ПРОЛИВ и со пензионирање на поротник!

Published

on

Обвинетата во случајот „Тендери“, Јулијана Угриновска, која вчера фатила пролив и не дојде на завршните зборови, поради што судењето се одложи, може да здивне, зашто судењето се враќа на почеток.

Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев, кој наврши 60 години. Комоцијата доаѓа и за пораешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и за Лидија Лазарова-Цветковска, кои, исто така се обвинети во овој предмет. Проливот ги закочи завршните зборови и купи време до пензионирањето на поротникот, т.е. до стопирањето на судењето и враќањето отпочеток, со нов поротник во советот.

„Тендери“ и онака во Основниот кривичен суд се влече скоро 4 години, а процесот е за незаконски јавни набавки при изградбата на Музејот на ВМРО.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

Поради пензионирањето на поротникот, на почеток се враќаат и најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник“, потоа „Талир 1“, „Талир 2“ и „Топлик“.

За да биде комплетна сликата за успехот на судењата во Основниот кривичен суд по обвиненијата на СЈО поднесени до 30 јуни 2017 година, а и тие кои се поднесени неколку месеци потоа, треба да се спомене и враќањето на предметите на почеток поради разрешувањето на судијата Горан Бошевски.

Поради тоа, се враќаат назад и „Траекторија“ и „Талир 1“ кај што суди Бошевски.

Сите овие случаи се за висока корупција и за организиран криминал. Во секоја прилика и во секој извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, ни беше укажувано дека мора овие случаи да се завршат, бидејќи е услов државата да добие позитивна оценка за владеење на правото.

Реакциите се следни:

Свет

Трамп: “Имаме многу добри разговори со Кина”

Published

on

Трамп: Во тек се „многу добри“ трговски разговори со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД водат „многу добри“ разговори со Кина, додека трговскиот конфликт меѓу двете земји, кој трае веќе подолго време, сè уште не покажува знаци на смирување.

„Инаку, во тек се одлични разговори со Кина… Навистина, оди многу добро“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, пренесува агенцијата Ројтерс. Тој не изнесе повеќе детали околу содржината на разговорите.

Инаку, Белата куќа на 16 април најави дека САД размислуваат за воведување царини кон Кина во висина и до 245 отсто. Ова доаѓа како дел од продолжениот трговски спор, каде што двете страни досега во повеќе наврати си воведуваа реципрочни царини.

Continue Reading

Свет

Зеленски не се откажува од моќното американско оружје: “Христијански е да се помогне”

Published

on

Зеленски: Украинскиот народ заслужува заштита – бара повеќе системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повторно упати апел до САД за итна испорака на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, особено поради последниот руски ракетен напад врз Харков. Според него, украинскиот народ има еднакво право на заштита како и секоја друга нација.

„Кога се обраќаме до нашите партнери, пред сѐ до САД, со барање за ‘Патриот’ системи кои можат да нѐ заштитат од руските крстосувачки и балистички ракети, ние не бараме нешто повеќе – туку правична заштита. Помошта треба да биде праведна. Ова е и христијанскиот начин – да помогнеме“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој остро ги осуди нападите, оценувајќи дека „не може терористот да помине неказнето кога уништува животи“. Русија, вели тој, заслужува најмалку остри санкции како одговор на нејзините постапки.

Според Зеленски, нападите врз Харков биле изведени со крстосувачки ракети од типот „Искандер“ – од кои една експлодирала директно над станбено населено место, додека друга удрила во индустриски објект во близина на стамбена зграда.

„За да се извршат такви напади врз цивилно население, на Велики Петок, пред Велигден, треба да си без грам човечност и совест“, изјави тој.

Тој додаде дека Украина веќе проширила санкции врз речиси сто физички и правни лица од Русија и Кина – дел од нив поврзани со производство на вакви ракети – и дека работи со меѓународни партнери за нивна координација.

„Секој што учествува во продолжување на оваа агресија мора да сноси одговорност. Благодарен сум на сите што ја поддржуваат таа позиција“, додаде Зеленски.

Според информациите на украинскиот Интерфакс, руските сили вчера лансирале три ракети со високоексплозивни боеви глави врз Харков. Една личност загина, а најмалку 103 се повредени – меѓу нив осум деца, од кои четири се во тешка состојба. Нападите предизвикале сериозна материјална штета – оштетени се повеќе станбени згради, како и објекти на едно цивилно претпријатие.

Continue Reading

Свет

Најсилниот американски напад на Хутите: Најмалку 74 загинати и преку 170 повредени во напад на пристаниште во Јемен

Published

on

Најмалку 74 загинати во американски воздушни напади врз нафтено пристаниште во Јемен

Најмалку 74 лица загинаа, а повеќе од 170 беа повредени во американски воздушни напади врз пристаништето Рас Иса во Јемен, кое се наоѓа под контрола на хутските бунтовници. Според податоци од самите Хути, ова е најсмртоносниот напад на САД откако Доналд Трамп повторно стапи на функцијата претседател на САД.

Воениот ангажман на САД против хутите започна на 15 март, но засега неговиот ефект останува нејасен бидејќи Пентагон досега не сподели детали ниту за конкретните цели, ниту за бројот на жртви. Од друга страна, хутските сили строго го контролираат пристапот до погодените области и ретко објавуваат информации за причинетата штета.

„Со овие удари американските сили имаа за цел да го елиминираат изворот на гориво за хутските терористи и да ги лишат од нелегалните приходи со кои го финансираат теророт во регионот последната деценија. Целта не беше да му се нанесе штета на јеменскиот народ,“ соопштија од Централната команда на американската војска.

Видеа од местото на настанот покажуваат силни експлозии и загинати тела расфрлани околу пристаништето. Според изјавите на хутските претставници, меѓу жртвите има и цивили, како и припадници на спасувачките служби.

САД најавија дека ќе продолжат со воздушните напади врз Хутите сè додека не престанат со нападите врз трговските и воените бродови во Црвеното Море.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк