Живописни италијански села ќе ви платат 28,000 евра да се доселите и да отворите бизнис

Регионот Калабрија планира да понуди до 28,000 евра (33,000 долари) за три години на луѓето кои сакат да се преселат во села со помалку од 2,000 жители, со надеж дека ќе го запрат опаѓањето на населението.

Ова вклучува и локација покрај море или во планина, или дури на двете локации истовремено.

Меѓутоа, тие пари нема да ги дадат толку лесно. За да се добие паричната помош, новите жители на селото мораат да се обврзат дека ќе започнат нов мал бизнис, било од нула или пак избирајќи од однапред подготвените понуди на професии кои се потребни на тие места.

Апликантите мораат да станат жители и не смеат да имаат повеќе од 40 години. Исто така мораат да бидат подготвени да се преселат во Калабрија во рок од 90 дена откако нивната пријава ќе биде одобрена.

Властите од регионот се надеваат дека ќе привлечат проактивни млади луѓе и милениумци жедни за работа.

Џанлука Гало, регионален советник, за Си – Ен – Ен рекол дека на младите луѓе месечниот приход би бил од 1,000 до 1,800 евра во период од 2 до 3 години. Алтернатиа е еднократна финансиска помош за започнување на комерцијални активности, без оглед на тоа дали е во прашање ресторан, селска фарма или отворање на продавница.

„Досега имавме огромен интерес и се надеваме дека доколку правата шема успее, ќе има уште вакви прилики во годините кои доаѓаат“, рекол Гало за Си – Ен – Ен.

Преку 75 % од селата во Калабрија имаат помалку од 5,000 жители, што предизвикува страв дека некои заедници би можеле да изумрат за неколку години, доколку не се обнови населението на некој начин.

Извор: b92.net