Connect with us

Инфо +

Ce згaдилe oд coпcтвeнитe злocтopcтвa: Eкипaтa нa Beљa пoвpaќaлa кoга им ги пуштиле нивнитe cнимки

Published

on

Почна судењето на најопасната криминална група на Балканот.

Велимир Беливук влезе во судница и се соочи на суд. Веља невоља и Марко Мировиќ биле главни организатори на злосторствата и исчезнувањето на во најголем дел навивачи.

Но Веља негирал дека имал врска со исчезнувањето на навивачи и дека тоа се измислици.

Но, кога Обвинителството им ги покажал снимките пронајдени во нивните мобилни телефони преку апликацијата „Скај“ каде што се гледа како ги мелат во машина за мелење месо тие почнале да повраќаат од сопствените злосторства.

Свет

Ројтерс: Бајден ја укина забраната за Украина да користи американско оружје за напади во Русија

Published

on

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Џо Бајден ги укина ограничувањата кои ја блокираа Украина да го користи оружјето кои го добива од Вашингтон за напади длабоко во Руска територија, кажале три извори запознаени со ова прашање, а пренесува Ројтерс.

Британската агенција наведува дека тоа е значајна промена на американската политика во конфликтот на Украина и Русија.

Украина планира да ги изврши првите напади со оружје со долг дострел во следните денови, кажале изворите, не откривајќи детали поради оперативно безбедносна загриженост.

Белата куќа одбила да коментира.

Овој потег на Бајден доаѓа нешто повеќе од два месеци пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи на должноста на 20 јануари, а следи по повеќемесечните молби на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ѝ се дозволи на украинската војска да користи американско оружје за гаѓање руски воени цели далеку од својата граница.

Првите напади веројатно ќе бидат извршени со ракети АТАКМС, кои имаат дострел до 306 километри, наведуваат изворите на Ројтерс.

Агенцијата наведува дека додека некои американски функционери изразиле скептицизам дека дозволувањето напади длабоко во руска територија ќе го сменат текот на војната, оваа одлука би можела да му помогне на Киев во момент кога руските сили напредуваат, и Киев евентуално да има подобра преговарачка позиција ако дојде до преговори за прекин на огнот.

Не е јасно дали Трамп ќе ја поништи одлуката на Бајден кога ќе ја преземе должноста.

Русија повеќе пати предупреди дека потегот за ублажување на ограничувањата за употреба на американското оружје ќе го гледа како голема ескалација.

Continue Reading

Македонија

Давидовски: Греењето со дрва и автомобилите главни извори на загадувањето

Published

on

Загадувањето на воздухот со почетокот на грејната сезона е повторно актуелен проблем во Скопје, Тетово и други македонски градови. Според Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, иако загадувањето моментално е на „умерено“ ниво, состојбата бара итни мерки за подобрување. Главни извори на загадувањето остануваат греењето со дрва и интензивната употреба на автомобили.

Здравствените експерти предупредуваат дека, и при умерено ниво на загадување, можат да се почувствуваат негативни ефекти врз здравјето, особено кај чувствителните групи, како децата, постарите лица и хронично болните.

Continue Reading

Македонија

Македонската репрезентација прва во Лига на Нациите

Published

on

Македонската репрезентација во фудбал ги совлада Фарски Острови на Арената Тодор Проески во Скопје и ги обезбеди 16 бодови во оваа кампања, со што стана прва во својата група од Лигата на Нациите.

Селекторот Боби Милевски, изјави дека нашите играчи заслужуваат многу подобри услвои за игра.

„Со оглед на тоа со што се соочуваме кога играме на страна, многу сме назад што се однесува до теренот. Овие момци заслужуваат многу подобро. Мислам на теренот. Се до излегувањето на терен се е супер, фала за ФФМ. Кој и да е надлежен, тука мора да се реагира. Не само за нас, и за противникот. Многу е полесно да се браниш на ваков терен. Како противникот денес. Многу е тешко да креираш. Никогаш не сум го посочил ова, но еве сега тоа го правам. Не мора да одиме подалеку доволно е да одиме во соседството. Честитки за моите фудбалери, не знам колку се рекорди се срушени, но познавајќи ги добро нема да застанат тука. Се што прават до сега, е мотив да се продолжи во правилната насока„ – изјави селекторот Милевски на стартот на прес конференција.

На новинарсо прашање „Дали е Македонија подготвена за Б дивизијата во Лигата на Нациите“, Милевски, рече дека ќе се наврати малку на претходните квалификации.

Игравме со три селекции кои беа на последното ЕП. Освен неколку меча на останатите бевме конкурентни. Се останато бевме на нивото кое што мислам дека треба да бидеме. По тие квалификации одлучив да играм со ектра сериозно селекции на пријателски мечеви. Се она што го видов ми кажа дека имаме потенцијал. Свесен сум дека имаме потенцијал. Коментарите се дека имаме лесни противници. Не се сложувам со тоа. Фарски, Летонија и Ерменија се конкурентни. Само оној што не знае да види може да каже дека ова се лесни противници. Ова е правецот на кој што Македонија треба да оди во иднина. Начинот на кој што играат, начинот на она што влегуваат на меч, енергијата која што ја имаат. Пример како тоа треба да се прави“, рече, селекторот Милевски.

Тој додаде дека македонските фудбалери покажале неверојатно ментална сила.

„Осум од првите единаесет немаат минутажа. Некои од нив не играат воопшто. Од каде ја наоѓаат таа енергија? Јас знам. Од нивниот карактер и од нивниот менталитет. Друг избор немам, освен да го почитувам она што го прават. Тие се играчите, јас нема никогаш да се откажам од нив. А во каква форма се, натпреварувачка. Никаква. Физичка, тие си знаат како ја одржуваат. Но менталната снага нивна е неверојатна. Огромен квалитет е на тимот. Да се враќа од негатива, да биде трпелив. Ни треба малку повеќе самодоверба, да веруваме во себе и во своите способности. Се надевам дека ќе си ги решат проблемите на клупско ниво и дека тоа ќе ни помогне на сите. Како на нив така и на нас“, рече селекторот Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк