Комисијата за заразни болести утре ќе разговара за состојбата во Тетово, каде свадбениот кластер е познат

Здравствените власти уверуваат дека состојбата со корона вирусот засега останува мирна иако има „благо“ покачување на бројот на новозаразени со ковид. Во Скопје и во Тетово се евидентирани најголем број нови случаи, а кластерите во Тетово се познати. По свадба и по семејна веселба во овој град нагло порасна бројот на новите инфекции.

Министерот за здравство Венко Филипче, во текот на изминатава недела, за в понеделник, односно уза тре најави дека Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој ќе бидат изнесени нивните ставови и мислења врз основа на анализите кои ги прават.

Вакцинацијата се одвива непречено, но министерот Филипче, како што соопшти е незадоволен од одѕивот, заради што, како што веќе најави, се размислува од септември да се воведат извесни мерки за невакцинираните, односно на одредени масовни настани без разлика дали се на отворено или затворено, да се дозволи присуство само со доказ за вакцинација.

Инаку, засега здравствените власти посочуваат дека состојбата не налага воведување какви било рестриктивни мерки.