Connect with us

Инфо +

Ај полагајте за возачка на кружниот тек во Струмица, само малку е крив ? (Видео)

Published

on

На фејсбук денеска се споделува видео од птичја перспектива од новиот кружен тек во Струмица.

Повеќе е од јасно е дека самиот кружен не е воопшто добро центриран и автомобилите влегуваат во пешачкиот премин, а тоа не е дозволено.

Од секторот за урбанизам велат дека кружниот тек е во изградба и треба да се почека да се види неговата функционалност. Објаснуваат дека станува збор за асиметрично поставен кружен тек поради воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот Ленинова кон улицата 24 Октомври, и од 24 Октомври кон излезот на градот. Потребата за такво лоцирање го утврдиле стручни лица по извршено софтверско мерење на протокот на возила на тој потег. Од урбанизљам информираат дека проектот бил одобрен и од СВР Струмица и Советот на општината.

Балкан

Рубио планира посета на Западен Балкан

Published

on

Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните билатерални и регионални прашања.

-Во разговор со Ибрахимовиќ, Рубио најави дека планира посета на Западен Балкан, при што ќе ја посети и Црна Гора, се вели во соопштението на МНР на Црна Гора.

Ибрахимовиќ ја истакнал важноста од континуиран дијалог и партнерство меѓу Црна Гора и САД, особено во контекст на заедничките безбедносни предизвици.

-Двајцата се согласија дека посетата претставува дополнителна можност за зајакнување на билатералната соработка и потврда на силните сојузнички односи меѓу двете земји, се додава во соопштението. 

Continue Reading

Балкан

Спахиу: Македонската заедница во Албанија е пример за истрајност кон своите корени

Published

on

Вршителот на должноста амбасадор во македонската амбасада во Тирана, Албанија, Љуфтим Спахиу, кому вчера му беше врачена благодарница од македонското друштво Илинден искажа голема благодарност за укажаната чест и доверба.

„Голема чест е да бидеш избран од нашинците. Им благодарам од срце за признанието и за укажаната доверба. Во овие три години со Македонците во Албанија соработувавме во многу успешни проекти и активности. Заедно ги делевме успесите и разочарувањата, но никогаш не престанавме да веруваме во подобро утре“, рече Спахиу за МИА.

Затоа, додаде Спахиу, оваа благодарница му значи многу и истата ја споделува со сите нив.

„Оваа благодарница е доказ дека нашата соработка нема никогаш да прекине, а би сакал да биде, поттик за идните колегите кои ќе бидат дел од оваа Амбасада за да внесат нова енергија во соработка со нашинците затоа што тоа е единствениот пат за зачувување на културата, јазикот и традицијата“, нагласи Спахиу.

Порачува дека македонската заедница во Албанија тоа го заслужува и е „пример за посветеност, истрајност и љубов кон своите корени“.

Благодарницата, во просториите на македонската амбасада во Тирана, му ја врачи претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, за неговиот „особен придонес и заслуги за друштвото Илинден“ и македонското национално малцинство.

На врачувањето на признанието присуствуваше Радмила Стојмировска, прв секретар во македонската амбасада во Тирана и Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Македонското друштво Илинден – Тирана чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет во Република Албанија, на 6 февруари годинава одбележа 16 години од формирањето, денот кога е регистрирано и во Основниот суд во Тирана.

Continue Reading

Свет

Дали Канада ќе стане членка на ЕУ пред земјите од Западен Балкан?

Published

on

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел предложи на Канада да и се понуди делумно членство во Европската унија.

-Можеби не во целост интегриран член како другите, но можеби делумно, изјави социјалдемократот за бременскиот весник „Везер-Куриер“.

-Европа мора да се спротивстави на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја направи Канада дел од САД, рече Габриел, кој беше министер за надворешни работи од 2017 до 2018 година и вицеканцелар од 2013 до 2018 година, кога Ангела Меркел беше канцелар.

-Во секој случај, Канада е поевропска од некои членки на Европската унија, додаде тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк