42- годишната Станка Димова е сопруга и мајка, детството го поминува со неколку преселувања, поради разединувањето на нејзините родители.
– Еден ден се беше затнала кадата, и отидов до маркет купив солна киселина и отидов да става за да ја одзатнам, отидов и ставив.
– Почувстував голема бол ка во главата и тоа е последно што се сеќавам, а потао се разбудив во болничкиот кревет со изгореници.
– 70 проценти од телото ми беше изгорено, Бог сакал да преживеам, никогаш не би ни помислила да посегнам по својот живот, вели во солзи Станка.
– Сум имала проблеми и претходно, но сега, навистина тешко, да те гледа ќерката како се храниш преку цевка е неописливо и многу жално.
– Синот цело време ме прашува мамо кога ќе ти го тргнат тоа, кога ќе ти биде потребно, сето тоа не е за пред очи на детето да се гледа.
– Долгов време бев во болница некаде околу 2 месеци, во сите можни установи, а откако ми ја ставија цевката, килажата нагло ми падна.
– Многу е тажно кога си го храниш детето и да неможеш да го пробаш тоа што му го даваш, бидејќи изгорениците се до грлото.
– Си го хранам детето и си плакам, поголем грев од тоа нема, му ставам на маса и се тргам да не гледам, за да не плачам пред него, вели оваа храбра мајка.
– И храната што ја внесувам не смее да биде зачинета или со некоја силна арома, односно мора да биде лесна храна, бидејќи сонтата е поврзана со тенкото црево и оди директно.
– Неможам да стојам многу долго, морам да лежам, цело време во овој кревет сум, се случувало и по еден месец да не сум се бањала.
– Многу ми е тешко да отидам до бањата и мора да одлепувам многу и да внимавам многу, а пак хранењето е исто така исцрпувачко, морам по малку.
– Има можност со која животот би ми се променил а тоа е операција во Белград која е специјализирана за вакви случаеви.
– Но нашите овде немаат слух за мене, ме игнорираат, хуманитарната организација ,,Љубезност,, прати допис до болницата а тие кажаа дека од 17 до 19 илјади евра е само зафатот.
– Голема желба ми е да ми дозволат да отворам трансакциска донаторска сметка, каде не ми помагааат, каде не ми даваат ниту да отворам сметка, со која можеби некој друг би ми помогнал.
– Се надевам сеуште има добри луѓе во земјата, со чија помош би отишла на операција и би била поддржка за синот и да го исраснам.
Целиот текст за несреќната животна сторија на Станка на Кластер.мк
Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, најави засилена контрола на паркирањето во главниот град. Во гостување во емисијата „Претрес“, тој појасни дека полициски возила опремени со камери, поврзани директно со системот „Безбеден град“, ќе патролираат по Скопје.
Секое застанување на булеварите каде што не е дозволено „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано. „За несоодветно паркираните возила на паркиралиштата и булеварите… сите кои ќе помислат дека може да ја остават колата и да завршат некоја работа, создавајќи гужва на сообраќајницата, сега ќе бидат казнети. Колите ќе вртат по цел ден, на различни локации. Пораката до оние што планираат да бидат сообраќајни прекршители е дека тоа нема да биде исплатливо“, рече Топаловски.
СВР Скопје со оваа мерка најавува поголема дисциплина на булеварите и намалување на сообраќајниот метеж во градот.
По „Димо Хаџи Димов“, ешерихија коли и по втор пат пронајдена во училишни намази
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични казни против операторот со храна кој стопанисува со кујните во основните училишта во Општина Карпош, откако лабораториските анализи потврдија небезбедна храна во две училишта.
По неодамнешната вонредна инспекција, АХВ официјално ги доби резултатите од тестирањата на мострите храна и брисевите земени од кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“.
Лабораториските наоди потврдија дека послужената мусака не ги задоволува микробиолошките критериуми, при што е утврдено присуство на бактеријата Enterobacteriaceae.
Поради овој пропуст, операторот со храна е казнет со 600 евра, а одговорното лице со 300 евра во денарска противвредност.
По првичната инспекција и наредбата за генерално чистење и дезинфекција, кујната во „Димо Хаџи Димов“ останува затворена сѐ додека не се добијат нови лабораториски наоди од повторно земените брисеви, со кои треба да се потврди нејзината безбедност. Дополнително, сите вработени се упатени на вонредни здравствени санитарни прегледи.
Во рамки на превентивните вонредни контроли, АХВ изврши инспекција и во кујните на уште девет основни училишта во Карпош, со кои стопанисува истиот оператор.
При овие контроли, кај една мостра храна (намаз) е утврдено присуство на бактерија ешерихија коли, за што веднаш е наредено намазот да се исфрли од употреба. Иако два од тестираните брисеви беа позитивни, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.
За недоследностите утврдени при превентивните контроли во деветте училишта, операторот е казнет со уште две парични казни од по 900 евра (600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице).
Вкупна казна од 650 евра е изречена и за дополнителни пропусти, вклучувајќи:
Непоседување сертификат за завршен курс по хигиена за едно вработено лице.
Немање соодветни технички услови за работа (недостаток на топла вода) во две училишни кујни.
АХВ продолжува со засилени контроли за да обезбеди сигурност и здравствена безбедност на оброците на учениците.
Меџити: Инклузијата на лицата со посебни потреби е заедничка одговорност
По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на инаугурацијата на организацијата „INKLUDIVERSA“. Иницијативата има за цел создавање повеќе пристапни и поддржувачки простори за сите граѓани.
Меџити истакна дека заедницата има обврска да обезбеди инклузија и зајакнување на лицата со посебни потреби, со можности за еднаков развој на нивниот потенцијал.
– Општина Чаир секојдневно се залага за создавање на опкружување каде што децата и младите со посебни потреби ќе добиваат поддршка, грижа и реални можности за интеграција во сите сфери на животот – рече Меџити.
Тој додаде дека овој ангажман е дел од визијата за еднаква, праведна и инклузивна општина за сите граѓани.