Игор Џамбазов маде ин Чајна: „Илина,…Илина,…Илина, нешто чудно ми се случува?“ (ФОТО)

Вакцинација за секоја генерација; Вакцина за сите за безбедно и безгрижно да ви минат дните,  Не шегувај се – вакцинирај се; Со здравјето не играј играчки, вакцинирај се и не кажувај гачки; Што се фолираш, што не се вакцинираш; Кој не примил вакцина, затворен ќе седи дома цела зима…

И вака можеме да редиме до бескрај. Не, не е реклама, ниту кампања, ама апели, повици и препораки за вакцинирање, секојдневно слушаме и гледаме. И од медиумите и од политичарите и од лекарите и од СЗО… Вкцинацијата – чаре за спас на нацијата од опакиот вирус…!? Веројатно засега друго решение и нема!

И речиси сите или поголемиот дел од населението тргна да се вакцинира, се разбира уште само доволно вакцини за сите да има. А, „Каде сите Турци, таму и гол Асан“ – вели една стара поговорка, па меѓу сите обични луѓе се вакцинираат и оние познатите… А меѓу нив и тој – Игор Џамбазов!

Ем возраста му е „критична“, ем здравјето уште оддамна „начнато“, па  како превентива за не дај Боже, Џамбазов реши да прими вакцина и да се заштити колку што може.

Иако живее прилично изолирано, сепак се движи и дружи со многу луѓе, па што си е сигурно-сигурно, да не биде после „погубно“. Затоа Џамбаз отиде да се вакцинира… Со онаа вакцина што во моментот најмногу ја има – кинеската!

Арно ама, другиот ден откако се вакцинираше почна да забележуваа дека  „поинаку се чувствува“, па ја повика својата сакана да и се пожали и запраша: „Илина, Илина Арсова, нешто чудно ми се случува?“

Како доказ, Џамбазов сподели фотографија со „искосени очи“ затегнати од женски прсти ( погодете чии)  и со нам познатата шапка од трска на глава… Се разбира сето ова само како шега, која Џамбазов ја сподели само колку „да се пофали“ дека и тој примил ваксајна… И тоа „Маде ин Чајна“!