Кумановецот што ја ТЕПАШЕ девојката, си добил ЌОТЕК (Видео)

Кумановце мислеше дека е мангуп и може да тепа девојка па си го доби.

Две видеа предизивикаа лавина од реакции на социјалните мрежи. На првото видео може да се види како момче удира девојка сред бел ден во Куманово а потоа истиот тој добива ќотек од друго момче.

Според информациите настанот се случил во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

– За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.