ПРОТЕКОА АУДИО СНИМКИ -„Води го во кланица“ – вака кланот на Беливук договарал ликвидација на жртвите

Застрашувачко видео за организирање убиствa во „куќата на ужасот“ зборува за бруталноста на кланот на Велја Невоља, но и за ладнокрвно договарање на ликвидации.

На снимката се слуша како Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и нивните соработници го мамат Лазар Вукичевиќ во куќата во Ритопек каде биле извршени најмонструозните убиства.

Аудио-снимката, која ја објави српски „Kurir.rs“, јасно покажува дека Беливук и неговите соработници планираат киднапирање на Вукичевиќ и најмонструозна ликвидација. Навидум лажен профил на Зорица Марковиќ го објавил разговорот за планот за ликвидацијата. Граѓани велат дека истото аудио е можно да е монтирано.

Имено да потсетиме, Вукичевиќ е една од жртвите на овој озлогласен клан кој бил најмонструозно мачен, осакатен и најбрутално убиен.

Лазар Вукичевиќ исчезна во октомври 2020 година, а последен пат бил лоциран на Баново Брдо и оттогаш му се изгуби секаква трага.


Слушнете го аудиото: