Connect with us

Балкан

Веља Heвоља го пpeдала љубовницата: И испраќaл шokaнтни фотографии на осакатени тели, трупови без глави

Published

on

Фотографиите од злосторствата на мафијашкиот клан на Веља Невоља ја шокираа српската јавноста, а тој тие фотографии ги испраќал до посебна личност во која верувал.

Откриено е и дека Беливук на својата љубовница и испраќал фотографии од кои им смрзнува крвта во вените и на кои тој позира заедно со жртвите.

Српскиот министер за полиција Александар Вулин покажа претходно необјавени фотографии од бруталните дела на кланот Вељко Беливук.

Вулин рече дека некои од нив повраќале по овие фотографии.

Ова е осакатено тело, труп без глава. Ова се нозете на овој човек … Тоа се убици и ѓубриња кои никогаш не заслужуваат да бидат ослободени. Она што го видовте им беше покажано на семејствата. Некои повраќаа, одбиваа да гледаат, некои велат дека тоа не е вистина, рече Вулин.

Српските медиуми пишуваат дека љубовницата на Беливук е директорка на еден дневен весник, а таа ќе биде и соработник сведок, поради што добила полициско обезбедување.

Таа е обвинета за перење на крвавите пари на Веља Невоља и најверојатно ќе биде сведок соработник во процесот против неговата мафијашка банда, за што добила полициско обезбедување, пишува Информер.

Извор од истрагата откри дека таа неодамна се преселила во скап стан во Нов Белград, каде полицијата ја чува 24 часа на ден.

На крајот на февруари беше однесена во СБПОК, каде беше испрашувана како дел од финансиската истрага на кланот Беливук. Полицијата се сомнева дека Веља Невоља преку својата љубовница и уште неколку блиски луѓе ги легализирал парите што ги заработил од шверц на дрога, рекетирање, изнуда. Љубовницата на Веjaа тогаш се согласила да соработува со истражителите бидејќи сфатила дека и се заканува долгорочна казна ако се обиде да скрие докази против него, вели соговорникот.

Балкан

Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји

Published

on

Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, беа запленети во Приштина.

Документите биле пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи. Истовремено, едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец, соопшти косовската полиција.

Фалсификуваните бланко документи, како што е наведено, биле откриени минатиот петок кога во Приштина било запрено едно возило при што бил уапсен возачот Ф.К.

Потоа бил извршен претрес во куќа во Приштина, која, според косовската полиција, служела како „лабораторија“ за изработка на фалсификувани документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи.

.

При претресот на оваа куќа биле пронајдени и запленети ласерски машини, принтери, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.

Пронајдени се и празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико, Германија…

На уапсениот возач му е изречена мерка притвор од еден месец.

Отворен е случај за „фалсификување документи“ и „организиран криминал“. 

Continue Reading

Балкан

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка

Published

on

Девет месеци по формирањето на српската влада и три месеци по уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица и предизвика бран протести и студентски блокади, српскиот премиерот Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.

Со оставката на премиерот завршува и мандатот на целата влада.

Вучевиќ рече дека поднесува оставка по нападот врз студентите во Нови Сад и дека имал долг разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, додаде, има разбирање за неговите аргументи.

Вучевиќ го осуди нападот врз студентите при што девојка е тешко повредена.

Тој додаде дека е уверен дека полицијата брзо ќе го реши случајот и ќе ги фати напаѓачите.

Воедно најави и дека оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

„Сметаме дека објективно сме одговорни за она што се случи и затоа поднесуваме оставка“, рече Вучевиќ.

Тој беше назначен за премиер по парламентарните избори во декември 2023 година.

Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, чиј градоначалник беше тој, се случи голема трагедија на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница на железничка станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Трагедијата предизвика протести низ целата земја кои деновиве станаа масовни.

Студентите повеќе од два месеци ги блокираат факултетите во Србија, барајќи одговорност за смртта на 15 лица, а институциите да почнат да работат според законот.

Само еден ден претходно, Вучевиќ беше на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, кога ги покани студентите и професорите на дискусија за излез од актуелната криза во земјата.

На истата конференција Вучиќ најави голема реконструкција на владата, велејќи дека очекува „да бидат сменети повеќе од 50 проценти од министрите“.

Српскиот парламент требаше да расправа за гласање доверба на владата во среда, на 29 јануари, на претходно барање на опозицијата.

Continue Reading

Балкан

РОМАНЦИТЕ И ГРЦИТЕ НАВАЛИЈА ПО ЦИГАРИ И БЕНЗИН ВО БУГАРИЈА Трговците задоволни од прометот, а нивните грчки колеги побрзаа со реакција

Published

on

Придобивките за Бугарија од копнениот влез во Шенген се проценуваат на над 1,6 милијарди лева годишно (823 милиони евра). 

Влезот на Бугарија во Шенген први го почувствува малите бизниси во пограничниот дел со Романија и Грција. Романците и Грците го користат укинувањето на граничните контроли за да купуваат гориво, храна и цигари во Бугарија каде што и се поевтини, пишува бугарскиот портал 24 часа.

Медиумот се повикува на прилог на романската телевизија Диги 24 во кој се тврди дека  дневно 5..000 романски автомобили го поминуваат мостот кај Русе  што е двојно повеќе од истиот период лани.

Романците кои живеат во области блиску до Русе избираат да одат во Бугарија за да купат разни работи. За полн резервоар бензин се заштедува просечно 50 леи, што е речиси 20 лева (10,3 евра). Истото се случува и со тутунските производи, кои според анкетираните од телевизијата се многу поевтини во Бугарија, што е видливо и во продажбата. Една продавница, на пример, продала 300 кутии цигари за два дена само на Романци. Продавниците во Русе, Видин и Варна за време на викендот се преполни со купувачи од Букурешт и Констанца. За некои Романци, влезот на Бугарија во Шенген е можност да се сретнат со роднините.

Се купува месо, зеленчук, масло, средства за хигиена и друга стока.

Грчки GreekReporter, пак пишува дека на граничниот премин што ги поврзува Бугарија и Северна Грција исчезнаа долгите редици од автомобили. Ова патување без мака веќе поттикна многу Грци да се упатат кон Бугарија за да ги наполнат резервоарите и да набават алишта поради пониските цени.

Грција има една од највисоките просечни цени на горивата во Европската унија, главно поради акцизата, која е речиси двојно повисока од минимумот во ЕУ.

Со оглед на сето ова, грчки возач со автомобил чиј резервоар собира 50 литри ќе плати околу 130 лева (66,8 евра) за полнење гориво во Бугарија, додека во Грција ќе го чини до 180 лева (92,6 евра).

Прометот на бензинските пумпи во Комотини е намален за 15% во првите 20 дена од новата година по влезот на Бугарија во Шенген, тврдат трговците со горива. Според нив, причината е што жителите од областа масовно патувале во Бугарија каде ги наполниле цистерните. Локалните бизниси бараат од грчката влада да воведе т.н повикани граѓански картички за жителите на пограничните области, со кои горивото може да им се продава по повластени цени за да се заштеди бизнис.

Покрај банкротите, трговците на мало стравуваат дека големите синџири ќе ја искористат ситуацијата за да купат мали бензински пумпи. Освен што ги полнат автомобилите со гориво, со текот на годините Грците доаѓаа во Бугарија за да купуваат облека и намирници поради цените, кои во некои случаи беа пониски за 40%.

Придобивките за Бугарија од копнениот влез во Шенген се проценуваат на над 1,6 милијарди лева годишно (823 милиони евра).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк