Connect with us

Инфо +

Пожари беснеат во Ксамил- во моментов летуваат и голем број туристи од Македонија

Пожар попладенето избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје.

На терен се пожаникари кои заедно со локалното население го локализираат пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од Македонија.


Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, велат за МИА македонски граѓани кои летуваат во Ксамил.

Advertisement

Свет

Метеоролозите предупредуваат: Европа може да доживее арктички студени бранови оваа зима

Експертите предупредуваат дека оваа зима во Европа постои можност за силни арктички студени бранови, иако поларниот вртлог се очекува да биде послаб од вообичаеното. За Германија, ова би можело да значи студени периоди со остри падови на температурите, потсетувајќи на „зимата на векот“ од 1978/79 година, кога земјата беше погодена од обилни снежни врнежи, снежни бури и исклучително ниски температури, според Euronews.

Според сегашните временски модели, околу католичкиот Божиќ се очекуваат претежно благи температури, со повремени студени отстапувања. Долгорочните прогнози на Европскиот метеоролошки центар укажуваат на заладување по празниците, додека Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA) прогнозира повисоки просечни температури за декември, кои сепак не ја исклучуваат можноста за појава на студени бранови подоцна.

Јануари, според експертите, може да донесе променливи услови со благи трендови, многу сива облачност и ретки вистински зимски денови. Истовремено, висок притисок над Централна Европа може да создаде измамно светли, но ладни денови, со магла и можност за траен мраз.

Поларниот вртлог и натаму игра клучна улога: неговите нарушувања во средината на зимата можат да насочат студен арктички воздух кон Европа. Иако моментално не се предвидува колапс на вртлогот, стабилните трендови на висок притисок се во согласност со можноста за силно заладување.

Дополнително, присуството на Ла Ниња, која ќе трае до февруари 2026 година, го зголемува ризикот од поладни и повлажни услови во западна Европа. Ла Ниња често предизвикува пообилни снежни врнежи на Алпите, што може да донесе добра вест за љубителите на зимски спортови и потенцијално создаде услови за „зима на векот“.

Continue Reading

Свет

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар на паркинг во Германија

Петгодишно момче го запали автомобилот на соседот откако неговата мајка му дала жижица, соопшти полицијата во Северна Рајна-Вестфалија. Инцидентот се случил во саботата на паркинг во станбена област во Хаген.

Жената, на возраст од 42 години, запалила жижица заедно со својот син, а од искрите се запалиле суви лисја под блискиот автомобил. Обидите за гаснење на пожарот не успеале, и автомобилот на соседот бил целосно изгорен, предизвикувајќи штета од околу 30.000 евра. Пожарникарите успеале да спречат ширење на огнот на другите возила на паркингот.

Мајката се соочува со тужба за небрежно палење. Полицијата потсетува дека жижиците се легални за купување и користење во текот на целата година, за разлика од другите пиротехнички средства, чија продажба во Германија е строго регулирана.

Continue Reading

Балкан

Судии и обвинители во Белград протестираа против политички притисоци

Судии, обвинители и адвокати од цела Србија денеска се собраа пред Уставниот суд и Правниот факултет во Белград за да протестираат против, како што велат, политичките притисоци врз судството.

Причината за протестот беше забраната на обвинител од Првото основно јавно обвинителство во Белград да изврши увид по инцидент во шаторската населба „Ќациленд“ пред српскиот парламент, каде престојуваат поддржувачи на власта. Дополнителен повод се најавените измени на законот за Обвинителството за организиран криминал, со кои ова обвинителство би станало дел од Вишото јавно обвинителство.

Присутните на протестот истакнаа дека ваквите законски измени би ја ограничиле автономијата и независноста на Обвинителството за организиран криминал и корупција, што, според нив, е јасен сигнал дека државата се откажува од институционалната борба против организираниот криминал.

Протестот заврши пред Правниот факултет во Белград со 16-минутен молк во чест на жртвите кои го загубија животот при падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг